Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски ги прими копиите од акредитивните писма од амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Република Македонија, со седиште во Рим, Н.Е. Сакер Нассер Ахмед Абдулах Алраиси.

 

oae3

На средбата беа разгледани можностите и перспективите за унапредување на билатералната соработка во сите сфери од заеднички интерес, со посебен акцент на економската соработката, инвестициите, трговската размена и договорната соработка.

Воедно, АмбасадоротАлраиси му се заблагодари на министерот Попоски за отворањето на амбасада на Република Македонија во ОАЕ, оценувајќи го овој чекор како важен и корисен за понатамошниот развој на взаемната соработка.

Конзуларни услуги