Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски ги прими копиите од акредитивните писма од страна на амбасадорот на Бангладеш во Република Македонија, со седиште во Мадрид, Н.Е. г-дин Хасан Махмуд Кхандекер.

 

banglades 3

На средбата се разговараше за досегашната билатерална соработка, со посебен акцент на интензивирање на соработката во областите економија и образование. Соговорниците разговараа и за глобалните закани и заложбите на двете држави во превенцијата од насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

Конзуларни услуги