Соопштенија

На покана на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски во работна посета на Република Македонија престојуваше Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

 

kotzias 1

Во рамки на посетата, министрите одржаа билатерална средба на која се разговараше за напредокот од имплементацијата на мерките за градење на доверба, како и за низа други теми од регионално значење.

kotzias 2

Министерот за надворешни работи на Грција се обрати и на Амбасадорскиот совет, кој се одржа во Министерството за надворешни работи од 24 до 26 август 2016 година на коj присуствуваат шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

kotzias 3

Во рамки на посетата, МНР Коѕијас оствари средби и со Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев.

kotzias 4 

Конзуларни услуги