Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари проштална средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Бранко Раковец.

 

slovenija prostalna

На средбата беа констатирани одличните односи кои постојат помеѓу Република Македонија и Република Словенија засновани на традиционално пријателство и соработка. Воедно, на средбата стана збор и за актуелните состојби во регионот, со посебен акцент на мигрантско-бегалската криза.

Министерот Попоски му се заблагодари на амбасадорот Раковец за успешното вршење на дипломатската мисија во Република Македонијa.

Конзуларни услуги