Соопштенија

Од 24 до 26 август 2016 година во Министерството за надворешни работи се одржа Работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија – Амбасадорски совет. Состанокот го отвори Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски.

 

amb4

На состанокот се обрати и почесниот гостин, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, кој беше во работна посета на Република Македонија.

amb11

Обраќање на МНР на Грција Никос Коѕијас

Во рамки на посебните сесии, свои обраќања пред шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва имаа Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Владата Емил Димитриев, Претседателот на Собрание Трајко Велјановски, министерот без портфолио Бил Павлески, како и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.

amb7

Обраќање на ПРМ Ѓорѓе Иванов

amb2

Обраќање на ПВРМ Емил Димитриев

amb9

Обраќање на ПСРМ Трајко Велјановски

Покрај теми од тековното работење на Министерството и ДКП-та, на состанокот се говореше и за теми од национално, регионално и глобално значење, на кои се обратија гости од земјата и странство. На специјалните сесии се обратија Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андоновски и Директорот на Агенција за разузнавање Наќе Чулев, како и универзитетскиот професор Даниел Сервер.

Состанокот го затвори МНР Попоски.

Конзуларни услуги