Соопштенија

Република Македонија викендов ја зафати најголемата елементарна непогода во последната деценија. Во поплавите во Скопје животот го загубија 21 лице и над 70 се повредени. Владата на Република Македонија денес прогласи и ден на жалост.

 

Силите на Министерството за внатрешни работи и АРМ, заедно со Црвениот Крст на Република Македонија и граѓани-волонтери сеуште се на терен и работат на расчистување на теренот. Воедно, започнати се бројни хуманитарни акции за задоволување на потребите на оштетените семејства.

Досега до Република Македонија помош понудија бројни пријателски држави. Првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокот соседство како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Турција и Хрватска, а понуда за помош сеуште пристигнува. Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби на Република Македонија во справувањето со вонредно настанатата состојба, по што ќе биде и официјално побарана меѓународна помош.

Конзуларни услуги