Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ, што се одржа на 1 септември 2016 година во Потсдам, СР Германија.

Potsdan Family photo

Основната тема на состанокот беше „Соочувањето со заедничките предизвици заедно“. Учесниците дискутираа за актуелните безбедносни предизвици во регионот на ОБСЕ и за модалитетите за поефикасно справување со истите. Теми на разговор беа безбедносните ризици со кои се соочува регионот на ОБСЕ, мигрантската криза, транснационалните закани: тероризмот, насилниот екстремизам, радикализацијата итн. Во овој контекст, министерот Попоски констатираше: „Впечаток од состанокот е дека кај повеќе земји членки постои загриженост од обновување на бегалскиот бран, во размери кои би креирале безбедносни и политички тензии. На Македонија ce гледа како на проверен партнер. За нас, најважно ќе биде одлуките во следниот период да се носат во соработка со соседите и координација со нашите партнери.“

Potsdan nastan

За време на состанокот, ЗПВРМ и МНР Попоски оствари повеќе средби. Со домаќинот, германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер, како и со директорот на ОДИХР Линк беше констатирано дека договорените избори во декември се позитивен развој. „Изборите се воедно и дел од излезот од политичката криза која многу не чини во поглед на евроинтеграциите. Во разговорите со европските партнери беше разговарано да се обезбеди темелно набљудување на изборниот процес од страна на ОДИХР“, истакна Попоски.

Potsdan Poposki Stajnmaer

Попоски - Штајнмаер

Potsdan Kristijan Jensen MNR Danska

Попоски - Јенсен

Potsdan Gentiloni MNR Italija

Попоски - Џентилони

Potsdan Bushati MNR Albanija

Попоски - Бушати

Potsdan Carls Flanagan MNR Irska

Попоски - Фланаган

Конзуларни услуги