Press Releases

Денес, скопјанката Гонџа Бојаџиу, позната како Мајка Тереза беше прогласена за светица. Свечениот чин на канонизација на Мајка Тереза што се одржа на плоштадот Св. Петар во Рим го предводеше Папата Франциск. Во обраќањето пред гостите, порача дека луѓето треба да бидат мудри и да го пренесат она што го правеше Мајка Тереза, а тоа е хуманоста и помошта за болните, сиромашните и изнемоштените.

Vatikan glavna slika

„Во чест на светото тројство ја прогласуваме и дефинираме блажената Тереза од Калкута за светица и ја вбројуваме меѓу светите, и укажуваме дека треба да биде почитувана како таква од целата Црква“, рече Папата на латински.

Vatikan slika1

На церемонијата присуствуваше висока делегација од Република Македонија во состав: Претседателот Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Владата Емил Димитриев, Заменик претседателот на Влада и министер за надворешни работи Никола Попоски, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како и Алојз Гомбар, претставник од семејството на Мајка Тереза.

Vatikan slika2

Мајка Тереза целиот свој живот го посвети на помагање на многу од најсиромашните и гладните луѓе и помагање на најтешко болните, вклучувајќи ги и оние болни од најтешки заразни болести. Луѓе кои најчесто мнозинството ги одбегнувало, заборавало и предвреме отпишувало. Луѓе кои или заради огромната сиромаштијата или заради тешката болест или честопати и двете останувале сами и без ничија помош, во тешки маки и болки заради болеста и во агонија заради гладта. Со целосно загубена надеж. Мајка Тереза беше посебно посветена и на децата без родители, па така покрај стационарот каде им помагаше на тешко болните и сиромашни луѓе, основаше и дом за деца без родители и заедно со сестрите се грижеа за нив, ги хранеа, лечеа и помагаа. Им ја враќаа надежта овозможувајќи им пред се љубов, топлина, помош и грижа. Таа целиот свој живот испраќаше пораки за мир и љубов, за верба во Бог, добрина, помагање еден на друг без предумисла или било каква калкулација дали од тоа ќе се има некаков матерјален, кариерен или било каков конкретен бенефит.

Vatikan slika3

Vatikan slika4

Vatikan slika5