Соопштенија

Безбедносната состојба во Сирија, последиците од излегувањето наа Велика Британија од ЕУ, европската одбранбена соработка и справување со тековните кризи беа главни теми на состанокот на министрите за надворешни работи од трансатланското партнерство во организација на државниот секретар на САД, Џон Кери.

IMG 0173 2000BiH CEI

Работен состанок на земјите членки на ЦЕИ

Во контекст на осигурување на безбедноста и стабилноста во регионални рамки, под претседателство на Босна и Херцеговина во Њујорк се одржа и работен состанок на земјите членки на Централната Европска Иницијатива, со која Македонија претседаваше минатата година. Во оваа насока се одржа и работен состанок на државите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, во организација на Хрватска како претседавач.

IMG 0105 2000PSJIE

Работен состанок на државите членки на ПСЈИЕ

Министерот Попоски учествуваше и на настан на високо ниво на тема: „Силата на менаџментот со граѓански кризи'', во организација на министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер. Воедно, се обрати и на годишниот работен појадок на неформалната министерска мрежа за Меѓународниот кривичен суд.

IMG 0089 2000Liht

Годишен работен појадок на неформалната министерска мрежа за Меѓународниот кривичен суд

На средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас беше констатиран напредокот во имплементацијата на мерките за градење доверба, натамошното зацврстување на врските меѓу двете земји, а се разговараше и за претстојната средба помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија. На средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се разговараше за билатералните односи, во чии рамки министерот Попоски се заблагодари за помошта што Русија ни ја пружи во справувањето со последиците од полавите. Со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер беше потврдена подготвеноста да се обезбеди што помасовно набљудување на парламентарните избори во Република Македонија. Исто така, Попоски оствари средба и со кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Едвардо Родригес Парила.

IMG 0115 2000OSCE German

Настан на високо ниво на тема: „Силата на менаџментот со граѓански кризи"

IMG 0134 2000Kozijas

Средба Попоски - Коѕијас

IMG 0152 2000MNR Rusija

Средба Попоски - Лавров

IMG 0184 2000OSCE Sekr

Средба Попоски - Заниер

IMG 0260 2000Cuba

Попоски - Парила

Конзуларни услуги