Соопштенија

71 Генерално собрание на Обединетите нации

Во рамки на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан се состанаа со еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, како и во рамките на Јадранската повелба, со која годинава претседава Хрватска. Поблиска регионална соработка и активна поддршка од членките на ЕУ и НАТО кои се наоѓаат во регионот, за целосна интеграција на земјите-кандидати беа дел од темите за кои разговараа.

IMG 0079 2000MNR Mogerini

„Меѓусебната поврзаност е од особена важност за напредокот на регионот. Мора заеднo да ги срушиме стереотипите за Балканот. Државите од овој дел на Европа мора да бидат третирани како рамноправни партнери во европското семејство. Во повеќе кризни ситуации за ЕУ, истото се покажа во пракса“, истакна заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски на состанокот на иницијативата „Западен Балкан 6“.

IMG 0014 2000Jadranska gr

На состанокот на Јадранската повелба, министрите ја реафирмираа поддршката за полноправно членство во НАТО на сите земји од групата А5. Воедно, беа истакнати националните активности во превенцијата и борбата против тероризмот и радикализмот и потребата од континуирана регионална соработка и соработка со НАТО и ЕУ на овој план. Со оваа група, Македонија ќе претседава во 2017 година.

Попоски оствари и повеќе билатерални средби со негови колеги. Со бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов беше договорено да продолжат разговорите за финализирање на Договорот за добрососедство и пријателство. Со монголскиот министер за надворешни работи Сенд Мунк-Оргил се разговараше за реализација на иницијативи за економски олеснувања во корист на земјите без излез на море.

IMG 9990 2000MNR BG

Попоски - Митов

IMG 9964 2000MNR Mongolija

Попоски - Оргил

IMG 9941 2000Trusteeship

Обраќање на ЗПВРМ и МНР Попоски на Состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност

Конзуларни услуги