Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Македонија, Кристијан Тимоније. На средбата, амбасадорот Тимоније ги предаде копиите од акредитивните писма, при што министерот Попоски му посака успешен мандат.

 

fra1

Соговорниците разговараа за унапредувањето на сéвкупните односи со Француската Република во сите полиња од заемен интерес, со посебен акцент врз справувањето со мигрантската криза, интензивирање на туризмот, како и за интензивирање на спроведувањето проекти во областите образование и култура.

fra2

Воедно, беа потенцирани надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, интеграцијата во ЕУ и НАТО и во тој контекст беше истакната поддршката на Француската Република во нивното остварување.

Конзуларни услуги