Заменик Министер
  Лични податоци  

АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

  • Дата на раѓање: 26.11.1968
  • Националност: Македонец
  • Место на раѓање: Скопје, Република Македонија
  • Брачна состојба: женет, две деца

AZ20180703OA 9183 

   Академски податоци
 

Дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј " во Скопје.

Mагистрирал на Универзитетот „ФОН" на тема: „Улогата и влијанието на  Советот на Европа во развојот и остварувањето во поредокот на човековите права", под менторство на Проф. Д-р. Димитар Мирчев, со што станал магистар за европска и меѓународна политика и дипломатија.

   Професионална кариера

 

 

 

1996-2000: Заменик претседавач во Советот на Град Скопје;

2000-2002: Советник на Градоначалникот на Град Скопје;

2002-2011: Пратеник во Собранието на Република Македонија, во чии рамки извршувал повеќе функции и надлежности;

  • Прв Ко-претседател на Мешовитиот Парламентарен Комитет: Република Македонија-Европска Унија;
  • Член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа во чии рамки бил:
    • Потпретседател и член на Комисијата за миграции, население и бегалци;
    • Член на Комисијата за политички работи;
    • Член на Комисијата за еднакви можности;
    • Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа на тема: „Недозволена трговија со мигранти за прислино вработување";
    • Известител на Парламентарното Собрание на Советот на Европа на тема: „Барања за азил поврзани со родовата припадност";
    • Набљудувач на изборни циклуси во повеќе земји-членки на Советот на Европа;
    • Модератор и учесник на бројни меѓународни Конференции
  • Член на Комисијата за европски прашања;
  • Член на Националниот Совет за евроинтеграции;
  • Член на Комисијата за надворешна политика;
  • Член на повеќе пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на други држави.

2013 – 2017: Градоначалник на Општина Центар - Скопје

 

 Политичка кариера

 

 

1994 - 2015:  Претседател на подмладокот, портпарол, потпретседател и претседател на ЛДП

2018 - Член на Ц.О. на СДСМ

Конзуларни услуги