Интервјуа и говори

Интервју на МНР Никола Попоски за „Асошиејтед Прес“

Дата: 3 март 2016 година

Новинар: Константин Тесторидес

 

poposki AP

Коментар на МНР Попоски за моменталната состојба со мигрантите на македонско-грчката граница

Неколку десетици илјади мигранти има во моментов на Македонско-грчката граница. Ги очекуваме бројките на мигранти кои можат да бидат примени од страна на државите-финална дестинација во Западна Европа и тоа е она што ќе ги одреди дневните квоти за влез на мигранти на македонска територија. Во моментов сме во ситуација каде се повеќе и повеќе мигранти пристигнуваат на грчка теротрија, а регистрацијата мора да се спроведе на нашата граница за да се определи кои мигранти имаат право на азил и можат да продолжат долж рутата.

Коментар на МНР Попоски за соработката со Грција во однос на мигрантската криза

Потребна ни е соработката со цел да се избегнат било какви драматични развои на настаните на терен. Од една страна, со цел да се обезбеди хуман и безбеден третман, подобро е да се згрижуваат мигрантите во прифатните центри, наместо да се сместуваат во шатори на само неколку стотина метри од Македонската граница. Тоа навистина не е решение. Може да помогне да се креира притисок и чувство на вонредност, но доколку навистина се грижиме за овие луѓе, тие треба да се сместат во прифатните центри кои имаат капацитет за толку голем број на луѓе. Зборуваме за неколку илјадници луѓе досега.

Коментар на МНР Попоски за менаџирањето на границата

Наш интерес е да не се затвори границата со Грција. Навистина имаме бројни заеднички интереси. Таа е наш сосед. Последната работа што сакаме да ја видиме е креирање на огромна маса народ преку нашата граница, на грчка територија. Од друга страна, јасно е дека концептот што беше претставен минатата година, што вие го именувате „концепт на отворени граници“ има свои ограничувања. Јасно е дека абсорпционите капацитети на мигранти во генерално прифатните ЕУ земји членки како Германија, Австрија, Шведска и други ја достигнале фазата каде не можат да продолжат и следната година со истото темпо. Оттука, сметам дека во голема мера е неизбежно применувањето на построга контрола на границите.

Конзуларни услуги