Интервјуа и говори

Интервју на МНР Никола Попоски за „Ле Поинт“

Македонија: Ја достигнавме бројката од 4000 мигранти дневно!

26.08.2015 година

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, ги повика европските земји да помогнат во проверката и регистрирањето на мигрантите при нивниот премин.

(од дописникот на „Ле Поинт“ во Брисел)

 

nikola poposki 2Откако Македонија реши да се откаже од контролирањето на својата граница со Грција по масовниот наплив на мигранти, пред сè, Сиријци, овој викенд европските хомолози на македонскиот министер за надворешни работи Попоски побараа од него повторно да се воспостави контрола во оваа земја на транзит на патот кон Европската унија. Ништо не може да го импресионира овој 38-годишен политичар со совршен француски јазик што го совладал на Универзитетот во Рен, а кој зборува за една состојба штотешко се управува и која би можела да потрае доколку нема европска помош. Сето ова е на два дена пред годишната Конференција за Балканот во Виена, каде што приемот на мигрантите ќе биде во тежиштето на расправата.

Le Point :Како го објаснувате толкавиот наплив на лица за само еден викенд?

Никола Попоски: Од почетокот на годинава, некако се навикнавме на бројката од речиси 500 лица штодневно влегуваат во земјата. Минатата недела, за период од 24 часа, овој број се искачи на 2500, за во текот на викендот да достигне 4000 лица дневно.Зошто? Затоа што Грците примија многу повеќе бегалци на островите. Организираа превоз со кој ги оставија не во Атина, туку во Солун, пристаништен град близу границата со Македонија. Природно, напливот се зголеми на малку понеорганизиран начин. Особено што, по нивното пристигнување на границата, мигрантите беа изложени и на притисок од страна на грчките власти да одат кон север, поминувајќи по нелегални влезови надвор од граничните премини каде што се регистрираат.

Кога ве слушам, се чини дека сета вина е кај Грците...

Грција не се грижи многу за контролирање на премините од грчка кон македонска територија. Доколку се обидеа да го контролираат напливот, ќе се намалешебројот на лица штосекојдневно пристигнуваат. Ова би значело дека ќе можеше да се управува со состојбата и ќесе продолжешесо претходното темпо. Не станува збор за префрлање на вината кон Грција, затоа што и таа трпи притисок штодоаѓа од турскиот брег. Доколку го прашате локалното население во Македонија за оваа тема, ќе ви речат дека им е доста и дека е подобро мигрантите да заминат од македонска територија наместо да се обидуваме да ги задржиме.Но тоа би било навистина неодговорно! Тие би заминале кон Германија, Унгарија или можеби Австрија, без притоа да има некаква трага за нивното движење. Ова дотолку повеќе што голем број европски држави се плашат дека има и странски борци штопоминуваат по оваа балканска рута.

Сепак, викендов ја отворивте границата...

Не може да се управува со толкав притисок. Правиме сè за да го одржиме системот на регистрирање. Пред неколку месеци донесовме закон со кој регистрирањето на мигрантите пристигнати на наша територија е задолжително. Главната цел е да се изврши проверка на сите лица штовлегуваат. За два месеца се регистрирани 40000 лица. Се проценува дека двојно, а можеби и повеќе лица поминуваат без да бидат регистрирани. Со други зборови, се наоѓаме во ситуација кога, од една страна, трпиме притисок од мигрантите штосакаат да влезат и се во толкав голем број што е неодржлив за една земја со големина како нашата; и од друга страна, трпиме критики дека не ги контролираме. Правиме сè што е во наша можност да регистрираме 100% од мигрантите, но тоа во реалноста е невозможно и немаме никакви илузии за такво нешто. За време на проверката се констатирадека голем број од нив немаат документи. Веруваме на она што ќе го кажат самите. И, секако, секогаш ќе има мигранти штоќе поминуваат нелегално и ќе успеат да го продолжат својот пат без воопшто да знаеме за тоа.

Значи, што практично барате од вашите европски соседи?

Мал напор од грчка страна. Треба исто така да се распореди Frontex [Европска агенција за управување со надворешните граници, н.з.] на грчко-турската граница, но исто така и да ни се помогне со контролата на нелегалните премини. Потребно е да се задржат мигрантите и да се доведат до местата за регистрирање. Тоа е минимумот што може да се направи за да може да се одржи кредибилен регистар, но и да им се овозможи на мигрантите да побараат азил и да се испочитува законот: лицето има 72 часа да ја напушти територијата на земјата доколку не сака да побара азил. До денес, само 1200, од вкупно 120000 лица штовлегле во Македонија од почетокот на оваа година, ја почнале постапката. Без да се изврши регистрирањето, сè другое залудно.

Што ви е потребно на терен?

Имаме потреба од опрема од типот на термички камери, како оние штосе користат на српско-унгарската граница. Во Македонија е многу тешко да се контролираат лицата штосе движат пеш, поради самата географија на теренот, кој изобилува со планини и шуми. Потребни ни се исто така и финансиски средства. Трошиме огромни износи за контрола на границата. Зборуваме за милиони. Само патните трошоци при распоредување на полицијата изнесуваатповеќе од 100.000 евра дневно. Потоа, тука е исплатата на персоналот штоработи на терен, извршувањето на регистрација, доставувањето вода и обезбедувањето сместување. Сето тоа чини пари. Во момент сето тоаго финансираме од нашиот сопствен буџет.

Сепак, Европската унија потврди дека обезбедила 90.000 евра помош за Македонија...

90.000евра е износ помал од дневниот трошок за одржување на граничната контрола при премините. Тоа е добро, и тоа е добредојдено, бидејќи ни овозможува да обезбедиме вода за неколку стотици бегалци штовлегуваат, да се одржат некои пристапни инфраструктури, но тоа е сепак само капка вода во океанот.

Колкав износ вие би побарале?

Ние не сме во позиција да испратиме сметка во Брисел и од Унијата да побараме да ја плати наместо нас. Ги преземаме сите политички и финансиски трошоци, иако проблемот е директно сврзан и допира до границите на земји-членки на Унијата. Каква било помош обезбедена од страна на Европската унија ќе биде добредојдена. Но таатреба да биде многу повисока од она што го имаме денес.

Еден од вашите соседи, Бугарија, реши да испрати оклопни возила на границата со вашата земја. Како гледате на ваквиот чекор?
Не гледаме кој е интересот од еден таков чекор. Доколку се чувствуваат загрозени, ние сме подготвени да им помогнеме. Но ниту еден единствен мигрант не ја поминал границата меѓу Македонија и Бугарија. Тие се упатуваат директно од Турција кон Бугарија и немаат потреба да кружат од Грција за да одат кон Македонија, па потоа во Бугарија. Навистина нема никаква логика.

Дали мислите дека ваквата ситуација може да влијае врз вашата кандидатура за членство во ЕУ, која е актуелна веќе десет години?

Не, не мислам така. Комисијата континуирано препорачува почеток на преговори од 2009 година наваму. Она со што се соочуваме е грчкото „не“. Во практика, односите со Грција се одлични (економија, туризам, трговија), но Грција ја користи својата позиција на земја-членка за да го блокира процесот. Сепак, во однос на темата мигранти,бараме ист третман како земја-членка, затоа што го споделуваме овој проблем со земјите-членки. Оваа ситуација со мигрантите трае со месеци, а сè упатува на тоа дека може да потрае уште многу подолго.

Конзуларни услуги