Светот во Македонија

Aмбасадорот на Монголија во Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г-динот Лхамсурен Дугерџав, денес свечено го отвори Почесниот конзулат на Монголија во Република Македонија.

При церемонијата на отварање беше истакнато дека отворањето на Почесниот конзулат ќе придонесе кон поквалитетно зближување на двете земји и на нивна соработка во сите сфери од заемен интерес, а ангажманот на почесниот конзул Литов Намдагжанчив ќе даде позитивен импулс за непосредно претставување на економските, културните, образовните и другите потенцијали на двете земји.

Изразено е посебно задоволство што отворањето на Почесениот конзулат се случува во годината во која се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Монголија и очекување дека овој чин на Монголија во Република Македонија ќе внесе нови содржини и форми во сѐвкупната идна билатерална соработка.

На церемонијата присуствуваа и високи претставници на Министерството за надворешни работи.

Конзуларни услуги