[ ! ] 1. ИЗДАВАЊЕ ПАТНА ИСПРАВА [...]
1. ИЗДАВАЊЕ ПАТНА ИСПРАВА
Согласно законската процедура, секој државјанин на Република Северна Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко–конзуларно преставништва на Република Северна Македонија, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање патна исправа. Кон барањето за издавање патна исправа, потребно е да се приложат следниве документи:
Првпат издавање патна исправа
- Уверение за државјанство на РСМ
- Извод од Матичната книга на родените
- Документ за идентификација издаден од надлежен орган во РСМ или земјата на приемот
- Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
Редовна замена
- Старата патна исправа со изминат рок
- Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
Дупликат патна исправа (поради губење, кражба или исчезнување)
- Уверение за државјанство на Р. Северна Македонија
- Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
- Извод од Матичната книга на родените
- Документ за идентификација издаден од земјата на приемот или од Р. Македонија (лична карта и сл.)
- Потврда од полиција (преведена на македонски јазик) дека е пријавен пасошот за украден, изгубен или исчезнат
- Лична изјава потпишана од странката дека патната исправа е изгубена, украдена или исчезната
- Објавување на изгубената, украдената или исчезнатата патна исправа во Службен весник на РМ (може лично да се објави или да го сторат тоа роднини во градот на подрачната единица на МВР каде што е издадена патната исправа).
Предвремена замена (поради оштетеност, пополнетост, промена на лични податоци и др.)
- Приложување на оригиналната патна исправа во ДКП на Република Северна Македонија
- Валидна дозвола за престој во земјата на приемот (само за лица што го немаат регулирано државјанскиот статус во земјата на приемот)
- Стариот валиден пасош се одзема и се доставува на проверка во МВР
- Доколку се бара издавање нова патна исправа, а старата валидна патна исправа е со важност над 1 година во моментот на поднесување на барањето, старата важечка патна исправа се одзема и се доставува на проверка во МВР
- Доколку се бара издавање нова патна исправа со промена на личните податоци, по барањето не се постапува доколку од страна на подносителот на издавањето на пасошот не се извршени промените на личните податоци во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и не се внесени во системот на мобилната станица
Поднесување барање за издавање патна исправа на малолетни лица
При поднесување барање за издавање патна исправа на малолетно лице, неопходно е присуство на двајцата родители во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија и извод од Матичната книга на родените на детето, со што ќе се потврди законскиот идентитет на родителите.
Доколку еден од родителите е спречен да присуствува, потребно е претходно да се приложи полномошно заверено во дипломатско-конзуларно претставништво на Р. Северна Македонија, со кое едниот родител го овластува другиот родител во негово име да поднесе барање за издавање патна исправа за детето.
Доколку се работи за поднесување барање за издавање патна исправа за малолетно лице од разведени родители, потребно е родителот што е единствен старател на детето да приложи решение од местен надлежен суд дека е прогласен за единствен старател на детето.
Доколку бракот е склучен во странство и разводот е извршен во странство, пресудата треба претходно да биде преведена на македонски јазик и верифицирана од надлежен орган во Р. Северна Македонија.
Доколку се работи за поднесување барање за малолетно лице за кое во изводот од Матичната книга на родените (ИМКР) во графата не е наведен еден од родителите (таткото), потребно е при поднесувањето на барањето да се приложи само ИМКР за детето.