разговараше Горазд Чомовски


Фактор: Дали медијаторот Нимиц има нови идеи и дали Скопје и Атина се информирани за нив. Амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер во неодамнешно интервју за Фактор рече дека се преговара за промена на референцата ФИРОМ?

 

МНР Попоски: Нема такви идеи или предлози. Мислам дека и наједноставното објаснување за тоа е ситуацијата на терен. Нема никаков мотив ниту желба, ниту предлози за интензивно да се посветиме на изнаоѓање на решение. Тоа им е сосема јасно на оние кои се по упатени во овој процес. Стратегијата на Грција во моментов е постојано да наоѓа причини за нерешавање на проблемот, да се задржи оваа статус-кво ситуација која не може да ни овозможи да започнеме преговори со ЕУ и да станеме членка на НАТО. Грчката страна се обидува процесот на преговрои за името да го држи што подолго замрзнат.

2014-11-04-intervju-so-Faktor
Генерално мислам дека во Атина нема во моментов волја за дијалог. Токму затоа мислам дека на краток рок не би можеле да очекуваме некакво придвижување во однос на наметнатиот спор од јужниот сосед. Барањата на Атина во последните неколку години одат многу подлабоко од тоа што е веќе е направено како отстапка од македонска страна. Таквата грчка радикална позиција која ја туркаат и се обидуваат да ја промовираат како некаков впечаток за компрмис оди по линија на констатацијата дека целта им е да не се договориме. Сега сме многу подалеку од решение за разлика од пред неколку години. Целта на грчката страна е да нема договор околу ова прашање, додека за нас нема поголем приоритет да се придвижиме кон НАТО и ЕУ.
Фактор: Во дипломатските кругови се говори дека преговорите се влезени во суштинска фаза односно дека битката се води каде да стои географската одреденица, дали пред или после зборот „Република.“ Дали владејачката партија подготвува терен за компрмис со што ќе го убедува граѓаните дека името „Горна Република Македонија“ е најбезболното решение?

МНР Попоски: Мислам дека креирање на очекувања не е нешто невообичаено за овој процес. Ние постојано во овие 20 години, ако ги гледате изјавите какви што биле досега секогаш се имало чувство дека сме на чекор до решение за спорот за името. На тој начин овој процес трае повеќе од 20 години без исход во кој двете страни би требало да се договорат за тоа што ни е наметнато со Времената спогодба. А тоа значи обврска дека треба да разговараме со Грција за изнаоѓање на решение кое би требало да биде различно од предвидено во Времената спогодба каде што веќе ни го имаат сменето начинот на именување и во ОН сме како ПЈРМ. Природно е да се креираат некакви очекувања од сите оние кои од страна го набљудуваат процесот кој има многу нерационални барања. Голем дел мислат – фактот што многу долго време трае овој проблем мора да биде решено, но ако имате реално согледување од терен, сосема ќе ви биде јасно дека само кај нас постои мотивација за решение. Кај грчката страна нема никаков интерес ниту пак може нешто да изгуби со одоговлекувањето на спорот.
Барањата на Властите во Атина се надвор од било која правна норма и се дополнително кршње на прекршувањата што веќе се направени со непочитување на меѓународното право при приемот на Република Македонија, односно наметнувањето на дополнителни услови кои не постојат за ниту една друга земја. Би сакал денес да сме во позиција во која би можел да кажам дека еве штотуку не сме го надминале овој спор, но реалност на терен ни налага да бидеме крајно внимателни.
Фактор: Грција постојано ја нагласува својата црвена линија во преговорите. Ставот на Македонија дека е за копромис кој нема да го загрози културниот, идентитетсиот и јазичен код на државата. Која е македонската црвена линија од која нема да отстапите?

МНР Попоски: Ова политичка гарнитура опстојува на тоа дека ние нема да дозволиме било каква промена на Уставот со цел промена на идентитетот, јазичните карактеристики и се што ја определува македонската целина. Било какво решение што ќе треба да биде постигнато, најнапред треба да помине на референдум. Ние сме тие кои во овој спор се повикуваме и на почитување меѓународно право. Нам ни е наметната долга листа на неприципиелни барања и во континуитет ги исплнуваме. Пресудата на Судот за правда – Хаг покажа дека Грција го прекршила меѓународното право вклучително и Времената спогодба на која сме се согласиле и двете страни, Но владата во Атина ја игнорира одлуката на Меѓународниот суд на правда каде јасно стои дека со блокадата на македонскот членство во НАТО, на самитот во Букурешт ја прекршила Времената спогодба.
Фактор: Македонија би прифатила име со географска одредница, под услов додавката да биде пред Република Македонија со гаранција дека нема да се чепка во уставот, идентитетот и јазикот на држвата?
МНР Попоски: Крајно несеризоно би било да шпекулираме што би било, кога би било особено што се работи за еден процес кој длабоко навлегува во нарушување на некои меѓународно правни принципи. За нас број еден е почитувањето на меѓународното право кој во нашиот случај е прегршено применето. Мислам дека ние не сме таа страна која е во позција да лицитира што уште диполнително би требало да направиме или уште колку треба да се тепаме по сопствен грб за евентуално грчка страна да биде задоволна.
Погрешен е пристапот во кој ние сме направиле цела редица на отстапки, од другата страна властите во Атина не ги исполниле своите обврски и сега ние треба да навлеземе во дополнително нарушување нашиот идентит, за да постигнеме другата страна биде задоволна. Да го поставиме обратно прашањето кое е сосема легитимно: што Грција е подготвена да направи во овој момент за барем да ја ублажи болката од нејзиното нарушување на меѓународното право кое не е само удар врз Македонија, туку и врз клубовите во кои припаѓа НАТО и ЕУ. Поради грчката позиција во моментов не може да се реализира еден меѓународно правен договор, Времената спогодба со тоа што би се дозволило прием во НАТО и започнување на преговри со ЕУ.
Фактор: Политиката на добрососедство е заглавена и во долгите преговори со Софија околу македонско-бугарскиот меѓудржавен Договор. Зошто се уште се тактизира во неговото потпишување?
МНР Попоски: Во последниве речиси две години двапати бевме во ситуација да го затвориме тоа прашање и до тоа не дојде поради внатрешно политичките промени кај нашиот сосед. Во Бугарија имаше избори, претходно техничка Влада што беше и еден од главните причини зошто досега го немаме затворено ова прашање. Помеѓу тимовите од двете министерства имаше долг процес на расчистување на различни аспекти од билатералениот договор. Суштината на проблемот е тоа што во овој период во неколку наврати Македонија стануваше внатрешно политичка тема во Бугарија.
Потпишувањето или непотпишувањето, иницијативите за заедничко одбележуавње на одредени настани, заедничките меѓувладини седници беше исполитизирано до тој степен што предизвикаа внатрешни превирања во Бугарија. Македонија нема никаков интерес да биде предмет на какви било дискусии и ширење на негативна атмосфера. Ние имаме добра основа со повеќе мерки на градење на доверба на кои се посветивме во изминатиот период . Тоа беа оние заедничките владини седници оджани во Кустендил, бројните средби на ниво на министри за надворешни работи, работни групи на ниво на ресорни министри, транспорт, животна средина… Дополнително ни помогнаа неколку институции кој го следеа тој пат, на пример комуникацијата што следеше помеѓу Академиите од двете земји, позитивни пораки беа упатени и на ниво на црквите, имаше неколку состаноци на ниво на невладини сектори. Мислам дека таа клима успеавме да ја вратиме во номален колосек.
Фактор: Испеглани се сите разлики?

МНР Попоски: Ние сме на пат на кој можеме да се чувствуваме комотни и да го затвориме тоа поглавје. Но не мислам дека потпишувањето на Договорот за добрососедство е предусловот, или крајната дестинација што треба да го правиме во билатералните односи. Тоа е само една станица , само еден знак на добра волја на приближување на согласување на принципите. Најважно е каква клима ќе градиме во меѓусебните односи, било да е на ново на политичарите или преку медиумите. Сликата која ќе ја имаме едни за други е главниот фактор што ќе влијае на идниот развој на взаемните односи. Предуслов е сега формирање на Влада во Софија и мислам дека можеме да го затвориме овој порцес без никакви потешкотии.
Фактор: Со премиерот Груевски бевте во Брисел. Кои се приоритетите што ЕК ги испорача, а Владата најави акционен план за нив? Зошто Владата се обиде да ги релативизора сериозните критики и дали термините кој Брисел ги потенцира „опаѓање на интензитетот на реформите“ и „назадување во сферата на медиумите, судството, партизираност на институциите“. Дали ова е сигнал дека Македонија се движи во погрешна насока?
МНР Попоски: Извештајот се пишува за да се дијагностицираат работите каде што е потребно подобрување. Извештај ниту некогаш се пишувал , ниту некогаш ќе се пишува за да се каже колку е некој паметен, убав, среден и колку државата има се идеално во свои рамки и регулирано. Идејата е да се подготви извештај за земја која сака да биде дел од ЕУ , од страна на Унијата и да се укаже на слабостите што треба да се подобрат пред држвата да се приклучи во европското семејство.
Не постои некритички извештај на ЕК. Во однос на тоа дали се обидуваме да ги релативизираме забелешките би го потенцирал дека вон здрав разум е да се мисли по шест добиени препораки за почеток на преговори можете да имате исто ниво на перформанси, исто ниво на оценки од страна на Европската комисија. Во овој момент ЕК ја има поставено клучната теза во својот извештај каде што вели: Земјите членки на ЕУ мора да ја превземат одговорноста за фактот што немаме процес кој е валиден. Тоа е една уникатна квалификација зашто исто колку што од Македонија се очекува да испорача реформи кои се значајни за ние да влеземе во ЕУ, исто толку ЕК упатува до земјите членки сигнал дека односот кој досега го имале кон Македонија очигледно во очите на Комисијата ја изгубил својата валидност.
Не мислам дека ние имаме некаков интерес да релативизираме било што. Впрочем процеост на реформите не треба да се поврзува со ЕУ тоа првенствено ги правиме пред се за нас, за подобрување на живот во земјата. Дали ни треба поефикасна администрација, сигурно ни треба, дали ни требаат подобри услови за водење бизнис, ќе ви кажам дека ни треба, дали ни треба по ефикансо судство, ќе ви речам дека ни треба.
Фактор: Ни треба ли партизирана администрација, мешање на извршната во судската власта?
МНР Попоски: Најпрво многу е лоша квалификација и се работи за стереотип доколку речете партизирана администрација. Ниту сите во администрацијата се партизирани, ниту било кој може да дојде до таков заклучок дека секој оној кој работи во администрација на еден или на друг начин е партизиран. Јас мислам дека има многу луѓе кои се дел од јавната администрација имаат едни, други или трети убедувања и впрочем тоа што го мислат имаат можност да го искажат во рамки на изборниот процес.
Но она што нам ни е исклучително важно е да имаме професионална и компетентна администрација, која ќе одговара на очекувањата на даночните обврзници и не поради ЕУ, туку поради нас самите. Оваа Владата сериозно се има зафатено со ова прашање во спротивно не би промовирала систем на селекција, на квалификации во јавната администарција, како што е тоа случај со последните предложени измени во законодавството каде што акцентот при селекција, при можност за унапредување, систем на кариера ќе биде поставен главно врз компетентноста и резултатите. Ние можеме да констатираме дека имало слабости, но факт е дека серизно се имаме зафатено со постаување стандарди што според новото законодаство ќе не водат кон создаавње на покомпетентна и поспособна администрација.
Фактор: Речено е дека со Брисел се доближиле ставовите околу наведените Уставни амндмани. Дали добивте согласнст за слободните финансиски зони кои треба да имаат и естериторјален статус? Можно ли е да се откажете од уставното дфинирање на бракот?
МНР Попоски: Не е најсоодветно да говориме за добивање на согласност од Брисел за било кое решение, бидејќи конечно решенијата кои ги носиме за Република Макеоднија. Целта на тие разговори е низ еден отворен процес да ги дадаме нашите аргументи за некои од предлозите кои се ставени на маса за уставни измени, вклучително и двата кои ги споменавте, да ги чуеме аргументите од домашните и европските експерти, на Веницијанската комисија. Сакаме да одиме кон еден инклузивен порцес во кој сите овие фактори ќе бидат земени во предвид и потоа во рамките на институциите ќе се решиме за определено решение кое може или не мора да биде такво какво што било во предлогот. Од денешен аспект многу е тешко да прејудицираме кое ќе биде крајното решението во однос на уставните измени, вклучително за делот околу слобдоните економски зони и уставното дефинирање на бракот. Значи не сакам да предјудицирам, но нашиот пристап кон ова е отворено да ги кажеме нашите аргументи пред партнерите од ЕУ.
Фактор: Колку нотираните критики од Брисел, како што се вели во извештајот, за контролата врз медиумите, селективното спроведување на законите, влијанието на уредувачката политика преку владини реклами со јавни пари и различните политички притисоци, непостоењето на политичка дебата меѓу власта и опозицијата ќе бидат доволна причина на декемврискиот самит повторно да не добиеме датум за старт на преговори со Унијата?
МНР Попоски: Во однос на декемвриската одлука, треба да се вратиме на основното прашање: ЕК покрај огромен притисок, покрај реален интерес да си го заштити кредибилитет, бидејќи пет години претходно нејзината препорака завршуваше во корпата за отпадоци сепак со целиот интегритет и кредибилитет кажа дека Република Македонија ги исполнува условите и дека е потребно да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ. Тоа е клучната порака која во декември треба да ја слушнат земјите членки. Дали тоа ќе го сторат е друго прашање, во тој дел нашето влијание е ограничено.
Доколку тоа не се случи тоа нема да биде поради одреден недостаток во однос на прашањата кои ги споменавте, ниту заради фактот дека нам навистина ни е потребен напредок во однос на овие области туку исклучително ќе биде предмет на политичка волја или отсуство на политичка волја од страна на земјите членки и тука во прв ред мислам на еден земја членка. Сите други кои имаат забелешки во однос на степенот на усогласување на Македонија со европските стандарди немаат укажано дека со неотпочнувањена преговорите ќе бидеме во подобра позиција. Многу е погрешно доколку Извештајот на ЕК го користиме како алатка за меѓусебно обвинување и злоупотребување за прибирање на политички поени. Извештајот од ЕК за Република Македонија и можеме најдобро да си го преточиме за наше средство за целосно посветување кон оние области дома.
Верувајте дека забалешките кои Вие ги наведувате се аргументот кој најмногу го посакува Грција. Во услови во кој јужниот сосед нема намера да го надмине спорот со името и во услови кога настојува што повеќе да не задржи надвор од НАТО и ЕУ, стратегијата е токму таа – да се пренагласат слабостите, да се намали значењето дека ЕК веќе шеста година дава препорака за почеток на преговри со ЕУ за да може на еден тивок начин ова прашање да се прескокне и на декемврискиот состанок на Европскиот совет.

Фактор: Велите не ни е потребна помош од надвор за да не натера да ги решаваме проблемите. Зошто тогаш власта и опозцијата не можат да најдат излез од политичкиот ќорсокак во кој Македонија западна по изборите. Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ отстапуваат од своите исклучиви позиции, наспроти деблокада на политичкиот дијалог. Дали сепак ќе биде потреба меѓународната асистенција за норамлизирање на политичката дебата за нромализација на парламентарниот живот?
МНР Попоски: Лично мислам дека нема потреба некој однадвор да доаѓа и да ни ги решава проблемите. Тоа е наша одговорност, на политичките елити кои ја добиле довербата на избори да ги претставуваат интересите на граѓаните. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ имаше исклучително конструктивен пристап, отворена врата за воспоставување на дијалог таму каде што му е местото, а тоа се инстуците на системот. Веројатно сме жртви на едно потполно нелогично барање на опозицијата за техничка Влада, кое го имаше нагласено лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тоа нема никаква логика во услови кога по одржани избори , со јасно добиена поддршка, управува Влада која има добиено мандат.
Но она што е малку позагрижувачки во овој момент е дека целта и сценариото кое сака да го примени нашиот јужен сосед. Во нивната агенда е повторно да ја прескокнат одлуката за почеток на преговори со Македонија во декември. Затоа ке се обидат да го напумпаат делот на анализата и согледувањата за приоритетните области на рефори, на тој начин да ги замаглат сите шанси за препроката. Грчката стратегија е да се нагласат слабостите на Македонија. Нашата најголема слабост во овој момент е што лидерот на СДСМ ја прифаќа таа теза и игра во корист на тие кои посакуваат и декемврискиот совет да помине во замаглени околности, односно повторно Макодонија да не може да ги почне преговорите. Треба да се вратиме на основните приципи, сите кои излегле на избори, добиле определена доверба од граѓаните да ги презентираат нивните интереси во Собранието или во некоја друга институција треба да бидат таму.
Фактор: Процесот на проширување на ЕУ е ставен во мирување на подолг рок. Зошто на граѓаните отворено не им се каже дека Македонија реално и не може да се надевам на влез во евроското семејство не заради тоа што до 2020 година нема да има прием на нови членки туку поради тоа што хипотетички и утре да ги почнеме преговрите со Брисел тие би траеле најмалку од 5 години ?

МНР Попоски: Речиси нема никакви шанси пред 2020 година да биде ставено на дневен ред следното проширување на ЕУ. Значи ние имаме еден период до кога ова прашпање не може да се апсолвира. Тоа треба да ни биде мотив повеќе да се посветиме на исполнување на реформите што пред се нам ни се неопходни, а воедно да биде мотив повеќе и за ЕУ да размисли дали треба да направи нешто за да го задржи кредибилен овој процес бидејќи неговиот кредибилитет во оваа фаза е многу сериозно нарушен. Во таков контекст станува сосем ирелевантно што ќе пишува во следниот извештај на ЕУ, бидејќи граѓаните повеќе не го читаат тој извештај како нешто од што зависи од одлуката на Унијата за започнување на преговорите. Факт е дека овој пат се користеше многу поизострен политички речник во извештајот и тоа не е случајно ако се има во предвид ставот на Брисел дека во наредните 5 години проширување со нови членки нема да има.
Фактор: Дали до 2020 година ќе имаме доволно време да ги корегириме слабостите и да бидеме подготвени за преговрои и за имплементација на препораките?
МНР Попоски: Ние уште денес сме подготвени да ги започнеме преговорите со ЕУ. Ние сме прва земја која со Унијата го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација. Повеќе од 10 години сме земја канидат, ние имаме шест препораки за почеток на преговори и мислам дека и политички и административно сме сосема подготвени да започнеме дијалот со Брисел за членство во ЕУ.
Фактор: Дали министер за надворешни работи стана и главен кадровик на ВМРО-ДПМНЕ.
МНР Попоски: За тоа ве упатувам да се обратите во партискиот центар за комуникации.

Конзуларни услуги