Интервју со АНСА.
Попоски: Потребна ни е политичка волја

Бенјамино Паљаро

29 октомври, 13.28

 

(АНСА) – СКОПЈЕ – Македонија повторно ја разгледува „европската трка“ и се надева за пробив во Брисел со цел да ја надмине главната пречка за започнување преговори, што се’ уште се наоѓа во Атина. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во неговиот разговор со АНСА спомена „пат кој многу години се смета за неопходен“ и културните и трговски односи меѓу Македонија и Грција ги опишува како „одлични“. Но, „одредени грчки носители на одлуки“ и некој во Брисел, не го сметаат процесот за итен. „Ние немаме моќ да го промениме тоа“, изјави Попоски.
Македонија доби кандидатски статус во 2005 год., десет години по историската спогодба со Грција за спорот со името.
Но, оттогаш не се променети многу работи. Центарот на Скопје е модернизиран со нови, импресивни објекти и десетина споменици, кои се дел од процесот за зајакнување на националниот идентитет. Економијата на земјата , со два милиони жители, продолжува да расте: Меѓународниот монетарен фонд проценува зголемување на БДП за 3,4% во 2014 год. и предвидува зголемување од 3,6% во 2015 год. Сепак, Република Македонија, која веќе ја надмина финансиската криза, има потреба од реформи и влез во европскиот клуб.
„Време е на Македонија да и’ се дозволи да ги започне пристапните преговори со ЕУ, но ова не се случува затоа што одлуката е во рацете на земјите-членки и најмалку една од нив се спротивставува“, изјави Попоски, потенцирајќи дека Европската комисија „го препорачува овој чекор во изминатите шест години“ и дека Меѓународниот суд за правда „го смета однесувањето на Грција за незаконско“.
„Одреден грчки носител на одлуки се’ уште мисли дека блокирањето на барањето на Македонија да се приклучи кон НАТО и ЕУ е корисно за од Македонија да добие прифаќање на одредени размислувања кои се неосновани и всушност, незаконски“, додаде Попоски. Сепак, ако блокирањето не стане премногу скапо за оние што го спроведуваат, тешко е да се промени резултатот. „Се работи за политичка волја“.
Конзервативниот министер од кабинетот на Никола Груевски, потврден со изборите во април, признава дека Македонија денес не е подготвена да се приклучи кон Европа и дека економијата, иако невработеноста е околу 28%, не е најголемата пречка. „Она што навистина ни треба“ – потенцираше Попоски – „е веродостоен преговарачки процес, па кога ќе дојде времето за Македонија да пристапи кон ЕУ, ние да бидеме подготвени и атмосферата меѓу ЕУ28 да биде добра“. Македонија бара членство во ЕУ, но не го споделува бугарскиот пристап за Јужниот тек.
„Ние сме за повеќе складирање на гас и Јужниот тек е дефинитивно еден од начините на кој може да се постигне оваа цел во нашиот регион“ – изјави Попоски. Скопје гледа поволно и кон новата улога на Федерика Могерини како лидер на надворешните работи во Европа. „Таа е дефинитивно една е од најважните лица во оваа област. Могерини е мудра при носењето одлуки и знае дека стратегијата со одложување на решението за проблемот веќе не е одржлива“, изјави Попоски (АНСА).

Конзуларни услуги