Обраќање на Министерот за надворешни работи Никола Димитров во чест на одбележувањето на 29-ти април, Денот на Министерството за надворешни работи.

 

Den na MNR 20180429 6942

Почитувани колеги,

Драги пријатели,

Дами и Господа,

Денеска имам исклучително пријатна обврска да ви се обратам во чест на одбележувањето на 29-ти април, Денот на Министерството за надворешни работи. Оваа година славиме по 11ти пат, откако овој ден, во 2007 година, беше прогласен за Ден на нашето Министерство. Продолжуваме да ја негуваме оваа убава традиција на одбележување на овој значаен ден за создавањето и развојот на македонската дипломатија.

Den na MNR 20180429 6933

Нашиот историјат како институција започнува на денешен ден пред точно 49 години – на 29 април 1969 година, тука во Скопје, кога беа зачнати корените на македонската дипломатска служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на нашата независност во 1991 година, ова исто тело се трансформира во Секретаријат за односи со странство, за три години подоцна, конечно да го добие името кое и денес го носи - Министерство за надворешни работи на Република Македонија;

Den na MNR 20180429 6940

Нашиот историјат е релативно кус, но сепак многу значаен. Исклучителен е придонесот во градењето на современа Македонија и пресуден за нејзиното етаблирање во меѓународни рамки како рамноправна земја, рамо до рамо со останатите земји во Светот. Македонија која ги почитува меѓународните принципи и правила, Македонија која помага кога другите се во неволја и најважно, Македонија – модерна, стабилна и Европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и дијалогот;

Иако оваа историја е релативно кратка, таа сепак бележи години на големи предизвици - предизвици кои исправени пред нас, на моменти, можеби изгледале тешко и непремостливо, но не нè поколебале во нашата решителност и истрајност, но и нашата обврска да и служиме на Република Македонија и нејзините граѓани. Напротив, тие секогаш претставувале дополнителен поттик за уште поголема посветеност и реализација на нашите стратешки цели и интереси;

Den na MNR 20180429 6918

Предизвиците не изостануваат ниту денеска. Напротив. Пред само една година Република Македонија беше на работ на бездната. По години на тешка политичка криза, ерозија на морал и политика на неодговорност, нашата земја беше оставена во незавидна позиција – со разнишани темели дома, во меѓународна изолација, без доволно пријатели, уплашена, затворена во себе и во стратешки ќорсокак.

Во помалку од една година, охрабрени од граѓанската будност и активизам, успеавме да го вратиме меѓународниот имиџ на земјата. Од земја на криза, Македонија ја претворивме во земја што асоцира на надеж и можности. Земја која работи посветено да ја зацврсти сопствената демократија. Македонија која го привлекува вниманието со добри вести.   

Водењето позитивна и проактивна политика претставува темел и во односите со сите соседи и поширокиот Регион. Време е сите ние на Балканот да се обединиме околу нештата што не поврзуваат и да тргнеме во „натпревар“ на спроведување што подобри реформи и овозможување посветла иднина за нашите граѓани. Како регион имаме избор да растеме и да се развиваме заедно или да останеме закопани во разликите од минатото. Одговорот на оваа Македонија е јасен и недвосмислен.

Годинава постигнавме видлив успех – позитивен извјештај од Европската комисија со  чиста препорака за членство во Унијата. Правиме се’ што е во нашите можности оваа препорака да биде преточена во политичка одлука за почеток на преговорите со ЕУ ова лето.  

Почитувани,

Нашата мисија е специфична. Министерството за надворешни работи претстaвува огледало на Република Македонија надвор. Успешното презентирање на имиџот на земјата во светот е резултат на секој вработен во министерството. Затоа би сакал да го изразам своето големо задоволство и да ја искажам својата благодарност кон сите вас, драги колеги. Секоја организација е силна толку колку што се силни и кадарни луѓето што работат во неа.

Во тоа име, честитајќи го уште еднаш нашиот заеднички ден – Денот на МНР, ве повикувам да наздравиме.

Нека ни е честито!

Den na MNR 20180429 6888

Den na MNR 20180429 6891

Den na MNR 20180429 6897

Den na MNR 20180429 6901

Den na MNR 20180429 6906

Den na MNR 20180429 6908

Den na MNR 20180429 7017

Den na MNR 20180429 7003

Den na MNR 20180429 7111

Den na MNR 20180429 7101

Den na MNR 20180429 6965

Den na MNR 20180429 6975

Den na MNR 20180429 6994

Конзуларни услуги