Политичкиот директорат за билатерални односи со воневропски држави го покрива најголемиот број држави во светот и е составен од Секторот за Америка, Источна Азија и Пацифик и Секторот за Јужна Азија, Блискиот Исток и Африка. Задолжен е за спроведување на надворешната политика на Владата на Република Северна Македонија во доменот на воспоставување, одржување и унапредување на билатералниот политички дијалог, како и на севкупната билатералната соработка со државите од овие региони, во приоритетните домени од заемен интерес, вклучително и унапредување на договорните состојби и на визните режими со одделни земји.

Согласно со зацртаните цели на надворешната политика, Република Северна Македонија остварува солиден напредок и бележи одлични односи и интензивна соработка со значаен дел од воневропските држави, особено со САД, Русија, Кина и Јапонија. Традиционалното пријателство и поддршка од овие две земји денес се надградени со активно политичко и економско партнерство и многубројни иницијативи, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Кон динамиката и развојот на соработката меѓу Република Северна Македонија со земји како што се САД, Канада и Австралија придонесува и улогата на големиот број македонски иселеници.

Посебно внимание се посветува и на унапредување на севкупните односи со земјите од далечна Азија, како и на сèвкупната соработка со државите од Регионот на Латинска Америка, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во таа насока, во блиска иднина се планира и отворање на првото македонско дипломатско-конзуларно претставништво во регионот на Јужна Америка.

Конзуларни услуги