Интервју на ЗПВРМ и МНР Никола Попоски за „ТВ Нова“

Дата: 13 јули 2016 година

Новинар: Билјана Трендафилова

Nikola Poposki3

Најголемата штета од кризата е на европски план

Најголемата штета која ја трпиме од политичката кризата е на европски план, изјави за ТВ Нова шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

-Ако во изминатите 6-7 години, единствената причина која се наведуваше за неотпочнување на процесот на преговори со ЕУ беше блокадата од Грција, сега веќе многу повеќе се зборува за негативните последици од политичката криза. Цената која ја плаќаме се однесува и на европскиот контекст, во делот на фондови и располагањето со европските средства од една страна, има редица на објективни пречки кои се валидни колку за Македонија толку и за останатите земји-кандидатки, станува збор за инструментот ЕПА 2. На краток рок, колкава е реализацијата на проектите, односно можноста за неискористување. Не станува збор за кратење на средства туку за намалување на потенцијалот за трошење. Ова е некој план во кој ЕК вели ќе ставиме одредена сума на располагање, доколку чувствуваме дека нема потенцијал за искористување или има потешкотии за реализација, таа сума ќе биде скратена. Единствениот начин за да го решиме ова е излез од политичка криза, зголемување на довербата, со што ќе бидеме во можност тие средства ќе ги вратиме, изјави Попоски.

Тој потенцира дека очекувањата на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд се дека единствениот начин на кој би можеле да ја надминеме е преку избори.

-Тема на разговор на средбата беа надворешно политичките предизвици, но и домашната ситуација. Во делот на надворешната политика, се разбира дека во интерес на САД е што поскоро да се интегрира, што е можно повеќе од Балканскиот полуостров во НАТО, а Македонија е една од земјите која дефинитивно треба да биде дел од тоа. Ситуација на овој план нема никаква промена, поради неоснованата блокада од страна на Грција, но и домашната криза која не ретко се споменува и во овој контекст. Во делот на политичката ситуација во земјава очекувањата се дека единствениот начин на кој би можеле да ја надминеме е преку избори. Впрочем, сите напори на тој план се концентрирани на обезбедување на одржување на избори, и неможност да се повтори она од минатата пролет, каде што во два наврата имавме нивно одложување, изјави Попоски.
Според него, продолжена политичка криза во никој случај не и одговара на Македонија, како и дека има услови за одржување на избори.

Poposki5

Нашата надворешна политика е жртва на внатрешно-политичките предизвици

Нашата надворешна политика е жртва на внатрешно-политичките предизвици, изјави за ТВ Нова министерот за надворешни работи и вицепремиер на Владата, Никола Попоски.
-Сè е ставено во контекст на политичката криза. Не би се обложувал дека странците треба да ги решат работите за нас, ниту пак да бидат гарантори. Со сериозност и волја треба да си ги решиме работите сами, изјави Попоски за ТВ Нова.

Според него, ако во изминатите 6-7 години, единствената причина која се наведуваше за неотпочнување на процесот на преговори со ЕУ беше блокадата од Грција, сега веќе многу повеќе се зборува за негаривните последици од политичката криза.

-Цената која ја плаќаме се однесува и на европскиот контекст, во делот на фондови и располагањето со европските средства од една страна, има редица на објективни пречки кои се валидни колку за Македонија толку и за останатите земји-кандидатки, станува збор за инструментот ЕПА 2. На краток рок, колкава е реализацијата на проектите, односно можноста за неискористување. Не станува збор за кратење на средства туку за намалување на потенцијалот за трошење, изјави Попоски.

Странците не треба да ги решаваат нашите проблеми

Ние како држава ќе плаќаме цена ако не најдеме решение за политичката криза, смета министерот за надворешни работи и вицепремиер на Владата, Никола Попоски.

-Нашата надворешна политика денес е жртва на внатрешно-политичките предизвици. Сè е ставено во контекст на условите за надминување на политичката криза. Мора да добиеме сериозни јавни гаранции од опозицијата за избори. Било каква несериозност и неизвесност ни ја зголемува цената. Не би се обложувал дека странците треба да ги решат работите за нас, ниту пак да бидат гарантори. Со сериозност и волја треба да си ги решиме работите сами, изјави Попоски за ТВ Нова.
Тој додава дека не треба да ни се случи уште една епизода во која најголемата опозициска партија ја става државата во неизвесност, избегнувајќи изборен процес во последен момент.

-Секоја помош од страна треба да се преточи во нивни притисок за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ, потенцира Попоски.

Членството во НАТО и ЕУ значи перцепција на стабилност

Македонија не сака да влезе во НАТО поради безбедносни причини, не чувствуваме воена закана. Hашиот интерес за влез е политички, како и перцепцијата на стабилност и сигурност, изјави за ТВ Нова шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

-Учеството за донесување на одлуки е многу поважно. Не чувствуваме воена закана, нашиот интерес за влез е политички. Многу е важно какви односи имаме со нашите соседи.

Доколку се добри, нашата ситуација ќе биде порелаксирана, изјави Попоски.

Тој додава дека, oва не е момент во кој би можело да се инвестира поголемо ниво на енергија за надминување на меѓународни проблеми.

Poposki4

Не е момент за надминување на спорот со името поради фокусираноста на внатрешните предизвици

Ова е период во кој и ние сме посветени на внатрешните предизвици, а и Грција несомнено е свртена кон своите внатрешни проблеми. Ова не е момент во кој би можело да се инвестира поголемо ниво на енергија за надминување на меѓународни проблеми, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски говорејќи за последната средба на Самитот во Варшава со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

-Грција е дополнително ангажирана со други спорови, како Кипар и должничката криза. Ние разговаравме за други теми во насока на зголемување на довербата и соработката. Во изминатиов период постигнавме добар резултат на тој план, подигнат е нивото на комуникација помеѓу институциите. Во интерес е да се продолжи во таа насока, изјави Попоски.

Според него, најголемата штета која ја трпиме од политичката кризата е на европски план.

Избори час поскоро

Очекувањата на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд се дека единствениот начин на кој би можеле да ја надминеме е преку избори, изјави за ТВ Нова шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Тој додава дека продолжена политичка криза во никој случај не и одговара на Македонија, како и дека има услови за одржување на избори.
-Македонија и во минатото покажала дека има капацитет да спроведе избори. Ние како земја сме го докажале ова. Најдобро ќе е народот да одлучи која политичка гарнитури ќе ги води во идните четири години. Ние не огранизираме избори за првпат, а истите треба да се спроведат час поскоро, вели Попоски.

СДСМ да гарантира дека нема да бега од избори

Опозицијата треба да гарантира дека нема во последен момент да го смени ставот и да не излезе на избори, изјави за ТВ Нова министерот за надворешни работи и вицепремиер на Владата Никола Попоски.

-Се користат изговори како причина за можно избегнување на избори. Тоа не се проблеми, туку, изговори, бидејќи не би влијаеле на изборниот резултат. Не би можел во моментов да кажам кога би можеле сите работи да се договорат, но можам да кажам дека тоа ќе се случи во догледно време. Потоа ќе се сведе сè на едно прашање, односно, гаранции дека договорениот термин за избори ќе биде конечен и дека ќе нема повторно менување на ставот, изјави Попоски.

Тој потенцира дека очекувањата на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд се дека единствениот начин на кој би можеле да ја надминеме е преку избори.

Според него, продолжена политичка криза во никој случај не и одговара на Македонија, како и дека има услови за одржување на избори.

Македонија нема да ја плаќа цената за мигрантската криза

Македонија успешно се справи со мигрантската криза, покажавме хуман пристап, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

-Македонија нема да ја плаќа цената за мигрантската криза. Далеку сме од тоа дека во европски рамки е разрешена мигрантска криза. Македонија помага во решавање на ваквата криза, во секоја ситуација нема да дозволиме да плаќаме цена за проблем кој не сме го причиниле, ниту пак можеме да го решиме, изјави Попоски за ТВ Нова.

Според него, најголемата штета која ја трпиме од нашата политичка кризата е на европски план.

Превземено од www.tvnova.mk 

Конзуларни услуги