,,Условите се презреани, меѓутоа....“

Интервју дадено на Ставрос Ѕимас, „Катимерини“

Дата: 13.12.2015 година

,,Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, по повод неговата официјална посета во Атина следниот четврток, во неговото интервју за ,,Катимерини“ за прашањето за името истакнува ,,не ни ја барајте кожата“. Вели ,,и вие и ние сме горди народи...“ ,,сме први братучеди“ и осврнувајќи се на прашањето за името, тврди дека ,,условите се презреани“ за да се случи нешто позитивно за изнаоѓање решение. Господинот Попоски ја возвраќа посетата на неговиот колега Никос Коѕијас во Скопје изминатиот јуни и тоа е прва посета на Министер за надворешни или друг висок официјален претставник на соседната земја од 2000 година, кога во Атина беше тогашниот МНР Александар Димитров. ,,Немаме амбиции да изненадуваме – посебно не непријатно, туку искрено да покажеме волја и пријателство“, вели за неговата посета, додека што се однесува до градењето заедничка доверба меѓу двете страни, тврди дека ,,се наоѓаме на добар пат“.

katimerini

Попоски говори уште за заедничкото справување со бегалскиот проблем на границата, но и за негови државјани, џихадисти. Наведува дека,,Имаме наши граѓани кои мобилизираа, пропагираат, па и одат да се борат во Сирија за Даеш (ИСИС) и тоа загрижува“.

Од она што го изнесува г-динот Попоски, не се гледа дека ќе има нешто спектакуларно во разговорите со грчката страна. Но, дипломатски извор во Атина, запрашан од ,,Катимерини“, ја оценува оваа посета за значајна, истакнувајќи дека ќе придонесе за натамошно унапредување на климата во релациите меѓу двете земји. ,,Нужно е да се зајакне заедничката доверба, за да продолжиме“, вели.

Што треба да очекуваме од вашата посета во Атина? Дали е тоа дипломатска рутинска обврска, во возврат на онаа на Коѕија летото во Скопје или можеби двете страни ќе ни приредат некое, да речеме, изненадување?

Попоски: Сигурно не е рутина штом не се случувало повеќе од деценија. Не сме имале посети во официјално билатерално својство, како што доликува на соседи. Воедно, барем од македонска страна немаме амбиции да изненадуваме, посебно не непријатно, туку искрено да покажеме волја и пријателство кон Грција. Ќе се потрудиме максимално тоа да го почувствуваат и домаќините. Меѓу нас, не мислам дека треба да има зла крв. Напротив, во изминатите 20 години се покажа дека двата народи се многу слични. Имено, што се однесува до начинот на размислување и однесување би можело да се каже дека сме први братучеди. Можеби затоа ни оди добро во туризмот, економијата и многу други области и покрај кризата.

Според вас, дали имаат создреано условите да се случи нешто суштинско за прашањето за името? Дали вашата страна е расположена да стори еден чекор од незината „црвена линија“, доколку и Атина го стори истото, со цел да се реши овој проблем?

Попоски: Мислам дека се презреани условите, со оглед на тоа што ги чекаме над две децении. За спорот, наше длабоко чувство е дека имаме направено едно чудо компромиси, од типот на промена на устав, знаме, прифаќање на понижувачка референца во ОН итн. Од друга страна, листата на посакувани попуштања делува безгранична, а претходните обврски, како таа да не сме блокирани во НАТО и ЕУ се забораваат. Објаснувањето кон нас најчесто е: ние сме во клубот, вие сакате да влезете – ќе ви наплатиме, а за цената – небото е граница. Искрено, ние сакаме да немаме вака неразумен спор со сосед со кој имаме исти стратешки интереси. Затоа и сме ангажирани во процесот. Но, за успех мора да добиеме впечаток дека не ни ја барате кожата. И вие и ние сме горди народи. Не би требало среќата на посилниот (кој е во клубот) да се бара преку грбот на сосед. Охрабрува сепак што се согласуваме околу користа во приближувањето во сите практични области.

Мерките за градење доверба беа видени како најзначен резултат на вашата средба со Коѕијас во Скопје. Но, до сега доминира впечаток дека ништо од тоа не се случи. Или можеби не е така?

Попоски: Има консултации меѓу МНР тимови, мешани средби на новинари, заеднички активности на научна заедница, придвижување во полициската соработка. Можеби нема голем јавен оддек. Тоа не ни е целта, ако реално помага да се множат контактите и проектите. Лично мислам, може повеќе и побрзо. Но, клучно е да расте довербата. Делува дека сме на добар пат, па да видиме.

За бегалците

Како ја оценувате соработката меѓу двете земји за бегалското прашање. Би можела ли оваа тема да претставува повод за заедничко справување и подобрување на релациите?

Попоски: Стратешки имаме иста цел по ова прашање и комуникацијата е подобрена. Но, на краток рок, грчка цел е да се транспортираат сите мигранти што поскоро кон Северна Европа, што значи низ Македонија. Логиката е дека капацитетите на Грција не се неограничени, а приливот на островите е константен. Тоа го разбираме. Наша пак обврска е да не добиеме повеќе од тие што може да ги регистрираме и обезбедиме хумани и безбедно транзитирање низ Европскиот коридор. За оваа работа да функционира ни треба поголем напор во Грција за регистрирање и европски одговор кој може да се примени за долгорочните трендови.

Повремено ја обвинувате Грција во вашите изјави дека не само што не прави ништо да го пресретне ројот од Турција (Frankfurter Allgemeine Zeitungim) туку им дозволува на мигрантите да ја нападнат вашата гранична полиција. Што друго би сторите вие да го заштите влезот во Егејот?

Попоски: Факт е дека Грција е во ранлива позиција на островите. Има приливи кои реално се големи и прашање е колку може тоа да се менаџира само со сопствени ресурси. Убеден сум дека треба помош и соработка со Турција. Но и Турција има аргументи дека има згрижено над 2 милиони мигранти последните години. Тоа чини и сигурно создава тензии. Сепак, на нашата граница се оставаат економските мигранти да каменуваат македонска полиција од грчка територија, без никакви мерки, во обид да влезат неконтролирано во Република Македонија. Тоа е неразбирливо. Не би смеело ова да се случува.

Дали вашата земја се соочува со проблемот на исламскиот екстремизам, како што остави да се подразбере, во неговите неодамнешни изјави, претседателот Иванов. Каква е состојбата по однос на ова прашање?

Попоски: Се работи без сомнение за глобална закана. Македонија не е исклучок од ризикот за верски екстремизам. Сигурно дека го има, како што го има и во повеќето европски земји. Фактот дека имаме наши граѓани кои мобилизираат, пропагираат, па и одат да се борат во Сирија за Даеш, загрижува. Тоа се млади луѓе, израснати во нашите средини кои ја отфрлаат цивилизацијата која мислиме дека е општоприфатени во Европа. До различна мерка прифаќаат практика или се неутрални на тоа да се сечат глави на телевизија и вршат терористички напади. Не смееме да сме индиферентни. Ниту пак смееме да ги ставаме сите луѓе во ист кош само поради верата. Веројатно најмногу муслимани страдаат токму од исламските екстремисти кои реализираат тековно државен проект во Сирија и Ирак. Неопходно е сите да сме обединети пред оваа закана.

Конзуларни услуги