Дипломатски дневник

Изјава по повод Брегзит

Се работи за одлука единствено на Британските гласачи и даночни обврзници. Каква и да е, треба да се почитува. Секако, за Европската Унија такво сценарио значи загуба на значајна земја членка. За Балканот и за Македонија пак, значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширување. Очигледно треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носење на некои политички одлуки за Европа. Во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара: да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и стандард на Македонските граѓани во Македонија.

                                                                                                                                                                                                    Никола Попоски

Конзуларни услуги