Светот во Македонија

Во организација на Меѓународната организација на Франкофонијата и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на 23 и 24 март 2017 година, во Скопје се одржа петтата годишна средба на Националните координатори за франкофонија од шесте земји од регионот на Централна и Источна Европа: Албанија, Ерменија, Бугарија, Македонија, Молдова и Романија.

gabriel1

Во оваа прилика, поздравни обраќања имаа директорката на Регионалното Биро, Хари Андриамбоавонји, Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Ана Блажевска како и претседателот на мрежата на НК, амбасадорот Кристијан Тер Степанијан и претставникот за франкофонија од МОН, Марија Николова.

Државниот секретар Блажевска, согласно својата франкофонска вокација, меѓудругото, укажа на франкофонската посветеност на нашата земја. Воедно, упати и на потребата за користење на францускиот јазик на нашата администрација во меѓународните односи и институиции, за што неопходна е подршката од МОФ.

gabriel2

Во рамки на овој настан, во МНР се одржа и паралелна средба на претставници на министерствата надлежни за образованието во насока на усогласување на текст на Меморандум за соработка помеѓу МОФ и нашите земји од регионот во доменот на образованието.

На оваа средба беше дефиниран акциониот регионален план во контекст на потребите изразени на Самитот во Антананариво. Воедно, со завршувањето на двeгодишниот мандат на ерменскиот ЛП и НК, Кристијан Тер Степанијан, со консензус во Скопје беше одлучено, нов претседател на мрежата на Национални координатори (RESIFECO) да биде ЛП и НК за франкофонија, Габриел Атанасов.

Конзуларни услуги