Светот во Македонија

На 25 мај 2016 година, заменик министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска учествуваше на свеченоста по повод отварањето на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Република Македонија.

 

konzulatohrid

За време на настанот Кипријановска изрази верување дека Почесниот Конзулат ќе има плодна работа и многубројни активности и на тој начин ќе даде дополнителен придонес на негувањето на традиционално пријателските односи со Руската Федерација, развивајки ги врз основа на заемно почитување и нивно постојано интензивирање во сите области.

Воедно му посака успешна работа на почесниот конзул, господинот Велимир Стојковски со уверување дека неговиот ангажман ќе даде позитивен импулс за натамошното продлабочување на соработката во сферата на културата, економијата, образованието и научно истражувачката дејност.

Конзуларни услуги