Светот во Македонија

 На иницијатива на Амбасадата на Република Македонија во Анкара, во периодот од 13-16 мај 2016 година, триесетина претставници на Федерацијата на здруженија на млади бизнисмени од Централна Анадолија (ICGIAF) ја посетија Република Македонија, со цел да остварат повеќе работни средби со повеќе институции.

MFA2

Во рамки на посетата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и средбата со македонските дипломати, претседателот на Федерацијата г-ца Фатма Семиз ја претстави Федерацијата и нејзините активности, како и организациската структура, која брои 3.000 членки, работи во 13 региони и вработува 30.000 луѓе. Семиз истакна дека целта на посетата е разгледување на можностите за инвестирање во РМ. Изрази задоволство од блиските односи и досегашните турски инвестиции. Воедно, изрази интерес и за поголемо присуство на македонски компании во Турција и заеднички вложувања.

Директорот на директоратот за економска дипломатија во МНР на РМ, Хилда Колевска пак објасни дека стратешки цели на Република Македонија се евро-атлантските интеграции и изрази благодарност за поддршката од Република Турција за НАТО. Се осврна на компаративните предности на Република Македонија во поглед на економската соработка и приоритетите, привлекување СДИ, промоција на извозот и туризмот. Воедно, даде краток осврт на владината програма за поддршка на странските инвестиции, потребата за зголемување на трговската размена и бројот на туристички посети.

Конзуларни услуги