Светот во Македонија

На 11 јули 2015 година се отвори Почесниот конзулат на Република Словенија во Република Македонија, со седиште во Охрид, како потврда на долгогодишната конструктивна соработка и искрено пријателство помеѓу двете држави.

 

2

 

На церемонијата учествуваше заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска. Говорејќи за цврстата определба на Република Македонија да го продолжи патот кон европското и евроатлантското интегрирање, Заменик министерот Кипријановска нагласи дека Република Македонија високо ја цени постојаната и конзистентна поддршка на Словенија во тој контекст.

Со Конзулатот на Република Словенија во Република Македонија ќе раководи  почесниот конзул Шенол Ислам.

8

Ова е уште еден значаен чекор што ќе придонесе кон натамошно јакнење на комуникацијата меѓу двете држави и продлабочување на соработката на сите нивоa,  посебно кон зголемување на економската соработка, како важен сегмент од просперитетот и развојот на двете земји.

AV131415

Конзуларни услуги