Соопштенија

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Турција Мевљут Чавушоглу престојува во работна посета на Република Македонија. Посетата на високиот гостин од Турција, која е прва посета на еден министер за надворешни работи на Република Македонија по формирањето на Владата, е уште една потврда за високото ниво на билатерални односи со оваа традиционално пријателска земја, но и за посветеноста на Република Македонија во унапредувањето на соработката со земјите во Регионот, а во согласност со европските и евроатлански вредности и стандарди.

Poseta MNR Turcija 02

На тет-а-тет средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и на пленарните разговори меѓу двете делегации, беа разменети  мислења за прашања поврзани со билатералните односи, како и за можностите за унапредување на соработката преку конкретни активности во повеќе области. Посебен акцент беше ставен врз потребата од натамошно развивање на економската соработка и покрај досега постигнатите резултати на ова поле.

Poseta MNR Turcija 03

Во разговорите, беше потенцирана успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на мултилатерално ниво, при што министерот Димитров се заблагодари за конзистентната поддршка на Република Турција за евроатлантските интегративни процеси на Република Македонија.

Poseta MNR Turcija 04

Во разговорите беа разменети мислења и за заедничките предизвици со кои се соочуваат нашите земји во контекст на миграцијата, борбата против тероризмот, радикализмот и насилниот екстремизам и можностите за унапредување на соработката бидејќи  овие предизвици бараат заеднички пристап за нивно решавање.

Poseta MNR Turcija 05

Poseta MNR Turcija 06

Во рамките на посетата, министерот Чавушоглу беше примен од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата Зоран Заев.

Заедничкото присуството на министерите Димитров и Чавошоглу на Ифтар вечерата што Амбасадата на Република Македонија вечерва ја организира во чест на високите гости, претставува потврда како за пријателството што двете земји го негуваат, така и за потребата на нејзините граѓани од негување на традициите, меѓусебно запознавање и заемна почит.

Конзуларни услуги