Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија со седиште во Белград,  Арне Санес Бјорнстад.

Sredba so norveshkiot ambasador 01

На средбата министерот Димитров накусо ги претстави заложбите и реформскиот фокус на кој земјата силно ќе се посвети во претстојниот период, а во насока на европска и евро-атлантска интеграција. Во тој контекст беше реафирмирана поддршката од Кралството Норвешка за членството на Република Македонија во НАТО. Воедно, беше искажана заемна подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и уште подинамичен развој на билатералните односи и проширување на соработката.

Sredba so norveshkiot ambasador 04

Амбасадорот Бјорнстад му посака успех на министерот Димитров во извршувањето на функцијата.

Конзуларни услуги