Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска оствари прва работна средба со амбасадорот на Италијанската Република во РМ, Карло Ромео.

Sredba so italijanskiot ambasador 02

На состанокот, министерот Димитров ја нагласи подготвеноста за натамошно зацврстување на пријателските врски меѓу Република Македонија и Италијанската Република и нивно продлабочување во сите области од заеднички интерес.

Sredba so italijanskiot ambasador 03

Амбасадорот Ромео порача дека Италија останува силен поддржувач на интегративните перспективи на Република Македонија, притоа посакувајќи му на министерот Димитров успех во извршувањето на новата функција.

Конзуларни услуги