Соопштенија

Заменик - претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска, учествуваше на Меѓународната конференција на тема “Незавршена правда: реституција и сеќавање”, посветена на жртвите од Холокаустотот, која се одржа во Европскиот парламент во Брисел.

 

Poposki Nikola

На конференцијата која ја отвори претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, во своето обраќање, министерот Попоски истакна:

Ова e значајна конференција во европски контекст за сеќавањето, враќањето на имотите, образованието, реституцијата на имотите на Евреите, кои што се жртви на Холокаустот. Република Македонија е веројатно еден од најдобрите примери како во регионален, така и во европски контекст на земја што во целост се има погрижено и за делот на враќање на имотите на евреите, но исто така и за одржување на меморијата, на сеќавањето и одржување на врската, за што Македонија има изградено и еден од позначајните меморијални центри на Холокаустот во светот.

Во рамки на посетата, МНР Попоски оствари повеќе средби со европратеници, во контекст на подготовка на Резолуцијата на Европскиот Парламент за Република Македонија.

„Надминувањето на политичката криза на одржлив начин е возможно само преку домашен дијалог во демократски институции, проследен со враќање на европската перспектива за Македонија“, потенцираше министерот Попоски.

Poposki Kukan

Попоски - Кукан         

 Poposki Vajgl

Попоски - Вајгл

Poposki Petir

Попоски - Петир

Poposki Shuica

Попоски - Шуица

Poposki Shulin

Попоски - Шулин

 

Конзуларни услуги