Соопштенија

Во рамките на официјалната посета на Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Млaдeн Иваниќ на Република Македонија, чиј домаќин беше Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорgе Иванов, денеска (20. април 2017. година), во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Заменик-Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски и Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, потпишаа „Спогодба за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија“.

IMG 08

Врз основа на заедничкиот стратешки интерес на двете земји – полноправно членство во Европската Унија, како и унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, а согласно Спогодбите за стабилизација и асоцијација на двете земји со Европската Унија, се очекува, оваа Спогодба да придонесе за унапредување на соработката меѓу двете земји во прашањата поврзани со европските интеграции, но и во унапредување на редовниот политички дијалог за билатерални и мултилатерални прашања.

133662696

Спогодбата предвидува соработка во повеќе области, и тоа: политички дијалог, економска и трговска соработка, движење на труд и капитал, формирање и давање на услуги, усогласување на законодавството со правото на ЕУ, соработка во областа на правосудството и внатрешните работи, како и соработка во други полиња.

Потпишувањето на Спогодбата се реализираше во присуство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и на Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Покрај тоа, во Министерството за надворешни работи, денеска, се одржа и македонско–босански бизнис форум, на кој учествуваа околу педесетина компании од двете држави.

IMG 04

Настанот официјално го отвори ЗМНР Илија Исајловски, а на присутните им се обратија и Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

IMG 02

На форумот беа презентирани потенцијалите за економска соработка меѓу двете држави, а беа реализирани и повеќе директни средби меѓу претставниците од присутните фирми.

Бизнис-форумот беше  добра можност да се трасираат патиштата за проширување на деловните активности, заеднички настап на трети пазари, како и развивање на други бизнис партнерства меѓу компании и фирми од двете земји.

Конзуларни услуги