Соопштенија

Амбасадорот на Република Македонија, Н.Е. Абдулкадар Мемеди, со највисоки протоколарни почести, на 20. април 2017., ги предаде копиите од акредитивните писма на Министерот за надворешни работи на Султанатот Оман, H.E. Јусуф бин Алави бин Абдулах, со што официјално стана првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Султанатот Оман.

IMG 20170420 WA0018

Министерот Абдулах истакна особено задоволство кон одлуката на Република Македонија да назначи Амбасадор во Султанатот Оман, како чекор кон одржување, јакнење и развивање на односите на пријателство меѓу двете земји, во сите сфери од заемен интерес.

На средбата Амбасадорот Мемеди и Министерот Абдулах, меѓу другото, разговараа за политичката соработка, изразувајќи посебен интерес и подготвеност за унапредување на економската, културната и договорната соработка, како и на заложбите за борбата против радикализмот и тероризмот.

Конзуларни услуги