Соопштенија

Амбасадорот на Република Македонија, Н.Е. Абдулкадар Мемеди, со највисоки државни почести, ја предводеше групата од 22 Амбасадори, кои учествуваа на аудиенција кај Кралот на Саудиска Арабија, Неговото Величество Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, при предавање на акредитивните писма, на 16.04.2017., во Палатата Кралскиот Диван –во главниот град Ријад.

IMG 20170416 WA0014

Од страна на Суверенот, беше изразена подготвеност за развивање на односите на Саудиска Арабија со Република Македонија, во сите сфери од заемен интерес.

Покрај политичката соработка, посебен интерес е изразен за унапредување на економската соработка, како и на заложбите за борбата против радикализмот и тероризмот.

На церемонијата присуствуваа високи членови од кралското семејство Принцеви, Министри и владини функционери како и Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Н.Е. г-н Адел Ал Џубејр.

Конзуларни услуги