Соопштенија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија го осудува актот на тероризам во Стокхолм, при кој во трагичен напад, невини шведски граѓани ги загубија своите животи. 

 

Сериозно ги осудуваме ваквите нецивилизирани постапки кои имаат за цел да предизвикаат страдање и страв кај населението.

Воедно, изразуваме длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите како и желби за брзо опоравување на повредените граѓани.

По повод трагичниот напад во Стокхолм, Министерот Никола Попоски упати писмо со изрази на сочувство до неговата шведска колешка, г-ѓата Маргот Валстром.

Конзуларни услуги