Соопштенија

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика и Институтот за меѓународни односи “Istituto Affari Internazionali” (IAI) од Италијанската Република. Од македонска страна, Меморандумот го потпиша директорот на ИГИНП при МНР на РМ, амбасадорот Абдулкадар Мемеди, додека од италијанска страна, директорот на ИАИ, амбасадорот Фердинандо Нели Ферочи.

Sorabotka IGINP IAI 10

По потпишувањето на Меморандумот, амабасадорот Ферочи одржа предавање на тема: “The European Union at a Crossroad: New Challenges 60 Years after the Signature of the Treaties of Rome. Perspectives for the Western Balkans Region”. На предавањето, покрај амбасадорот Ферочи, на присутните им се обратија и амбасадорот Мемеди, како и амбасадорот на Италијанска Република во Република Македонија, Карло Ромео.

Во воведното обраќање, амбасадорот Мемеди изрази благодарност и ја истакна поддршката на Италија како на билатерално ниво, така и во евроатланстките интеграции, реализирана преку Амбасадата на Италија. Во таа прилика, ја повтори посветеноста на Репубика Македонија на евротлантските интеграции, како земја-кандидат и идна членка на ЕУ.

Sorabotka IGINP IAI 26

По дискусијата, учесниците ја посетија  изложбата на тема “Even closer Union”, што се одржа во фоајето на МНР, во заедничка организација на Министерството и Амбасадата на Италија.

За време на посетата на Република Македонија, амбасадорот Ферочи оствари средба со Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски.

SAM 5151

Конзуларни услуги