Соопштенија

Заменик Претседателот на Владата и Министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, во Валета, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Малта, Џорџ Вела.

Malta Image 2

Ова претставува прва работна средба меѓу министрите за надворешни работи, по неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Малта.

На средбата е разговарано за приоритетите на ЕУ, за интересот членството во ЕУ да се приближи до граѓаните на Република Македонија и до останатите земји од Регионот, како и за предизвиците со мигрантите.

Malta Image 3

Разгледани се и можностите за продлабочување на билатералните односи и ангажманот на Малта, како земја-претседавач со ЕУ, да овозможи поскорешно отпочнување на преговорите за членство на РМ во ЕУ, со оглед на позитивниот став во однос на процесот на проширување на ЕУ.

Malta Image 4

Министерот Попоски, на средбата со својот малтешки колега, во МНР на Малта, нагласи: „Искуствено, се чини, дека една јасна европска перспектива ќе помогне многу повеќе, отколку илјада други обиди за помош однадвор во политичката криза. Со Малта, за кратко време воспоставивме дипломатски односи и веднаш се впуштивме во продлабочување на билатералните врски. Добро е што ова се случува за време на малтешкото претседавање со ЕУ, зашто преку Унијата најлесно може да се поврземе за многу цели што ни се заеднички".

Договорено е интензивирање на билатералните контакти и средби, како и зајакнување на соработката во претстојниот период, како и меѓусебна поддршка на мултилатерално ниво.

Malta Image 1

Дополнителен импулс во таа насока, се очекува да даде и поставувањето нерезидентни амбасадори на двете земји.

 

Courtesy photo from MFA of Malta.

Конзуларни услуги