Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денес, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се обрати пред група млади дипломати од Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска.

IMG 0049 edited

На настанот, организиран од Дипломатската академија при МНР на РМ (ДДА) и Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје, министерот Попоски зборуваше за приоритетите на надворешната политика на Република Македонија и регионалната соработка од македонска перспектива.

Покрај министерот Попоски, на настанот се обратија и амбасадорот на Кралството Шведска во Скопје, Н.Е Матс Стефансон, директорката на ДДА при МНР на РМ, Аделина Марку и директорката на Шведската дипломатска академија, Хелена Пилсас Ахлин.

IMG 0055 edited

Младите дипломати од Шведската дипломатска академија се во регионална студиска посета, во чии рамки денес ја посетија и Република Македонија.

Конзуларни услуги