Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денес, во просториите на Министерството за надворешни работи се обрати пред група студенти од Факултетот за безбедност во Скопје, Академијата за криминалистика и полициски студии од Белград и Факултетот за политички науки од Загреб.

 

Predavanje2

Министерот Попоски говореше за улогата на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза што ја зафати Европа во 2015 и 2016 година, како и за предизвиците кои произлегоа и следат од истата. Посебно внимание посвети на прекуграничната соработка, воспоставувањето контрола на границите, обезбедувањето хуман и безбеден транзит по Балканскиот коридор и спречувањето на илегалната миграција, истакнувајќи ја улогата на Македонија како клучна во заштитата на Шенген системот.

„Имавме три предизвици во текот на мигрантската криза: односите со Грција, која не сакавме да ја оставиме на цедило, негативната медиумска кампања при контрола на границата и недостаток од усогласен настап помеѓу земјите. Од денешна дистанца, видливо е дека пристапивме правилно“, истакна Попоски.

Predavanje1

Шефот на македонската дипломатија се обрати пред студенти од Скопје, Белград и Загреб кои учествуваат во тридневната регионална студентска конференција на тема: „Прекуграничната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици од мигрантската и бегалската криза“, во организација Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за истражување и креирање политики и Факултетот за безбедност од Скопје.

Конзуларни услуги