Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска оствари средба со Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

 

Poposki Zanier OSCE 1

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за севкупната соработка на Македонија со ОБСЕ. Попоски ја потенцираше корисноста од поддршката на Организацијата која е посветена на изборни реформи, интеграција преку образованието и процесот за интегрирање на Република Македонија во ЕУ. Воедно, соговорниците разменија и мислења за најактуелните прашања на политички план, во постизборниот период.

Poposki Zanier OSCE 2

Министерот Попоски ja истакна и важноста на регионалната соработка меѓу државите од Балканот согласно најдобрите практики и стандарди прифатени во ОБСЕ. Во тој контекст, го посочи неодамнешниот министерски состанок на земјите од Балканот што цели кон „заеднички пристап за побрз влез во ЕУ“, како и договорениот неформален систем за координирање и усогласување на активностите на групата држави во Регионот, што се стремат кон членство во ЕУ.

Конзуларни услуги