Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска оствари средба со шефот на делегацијата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), амбасадорот Јан Дебоут. На средбата соговорниците разговараа за активностите што ги спроведува Меѓународната алијанса, како и за активностите што се спроведуваат во Република Македонија, на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот.

ihra

Министерот Попоски изрази задоволство од испраќањето на висока делегација на ИХРА за прв пат во Република Македонија, по повод 11-ти Март „Денот на депортација на Евреите од Македонија“, во чиj пресрет ќе се одржат комеморативни настани во Скопје и Битола.

За време на средбата беа искажани и заложбите од нашата држава и ИХРА во светло на можно станување на полноправна членка на Република Македонија во оваа Алијанса.

ИХРА е меѓувладино тело кое служи како платформа каде што претставници на Владите на нејзините земји-членки, како и национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот во светот.

Во ИХРА членуваат 31 држава, а застапени се и 11 држави со статус на набљудувачи, меѓу кои и Република Македонија.

Конзуларни услуги