Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Утре (29 мај, 2017год.), вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан што ќе се одржи во Стокхолм.

„Без извесност дека во некој рок ќе има интеграција во ЕУ, постои ризик дека жарот кај граѓаните на Балканот ќе гасне, а ЕУ да биде одвлечена од други проблеми, особено после Брегзит“. - Ова е едногласната порака од шестемина министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан од состанокот, што на иницијатива на Италијанскиот министер за надворешни работи, се одржа вчера во Рим.

Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, во Рим, ја предводеше државно црковната делегација на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, силно го осудува синоќешниот терористички напад во Манчестер, во кој загинаа 22 невини млади луѓе, а околу 60-тина се повредени.

Попладнево во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше одржан брифинг за студиската група од Кралскиот колеџ за одбранбени студии од Обединетото Кралство. Студиската група која што престојува во дводневна студиска посета на Република Македонија, се состои од високо-рангирани офицери и цивили од повеќе земји.

На маргините на 127 сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа која се одржа денес во Никозија во рамките на кипарското претседателство со Советот, ЗПВРМ и МНР Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше  на 127. сесија на  Комитетот на министри на Советот на Европа, што се одржа во Никозија, со која претседаваше Кипар.

Во рамките на воспоставената соработка на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП) при Министерството за надворешни работи на РМ, и Генералниот секретаријат на ЦЕИ, на покана од Амбасадорот Џовани Карачоло ди Виетри, Генерален секретар на ЦЕИ, во работна посета на Трст (Италија), од 16-17. мај 2017. година., престојуваше Амбасадорот Абдулкадар Мемеди, Директор на ИГИНП.

Заменик претседателот на Владата на РМ и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Форумот "Еден појас, еден пат", што се одржува во Пекинг, Народна Република Кина.

 

Во организација на Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, група од 62 студенти од 22 држави  од Дипломатската академија од Виена, предводени од директорот на акдемијата д-р Ханс Винклер и австриската амбасадорка Ренате Коблер, престојуваше во Министерството за надворешни работи.

Конзуларни услуги