Најнови вести

Во рамките на официјалната посета на Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Млaдeн Иваниќ на Република Македонија, чиј домаќин беше Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорgе Иванов, денеска (20. април 2017. година), во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Заменик-Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски и Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, потпишаа „Спогодба за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија“.

Амбасадорот на Република Македонија, Н.Е. Абдулкадар Мемеди, со највисоки протоколарни почести, на 20. април 2017., ги предаде копиите од акредитивните писма на Министерот за надворешни работи на Султанатот Оман, H.E. Јусуф бин Алави бин Абдулах, со што официјално стана првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Султанатот Оман.

Амбасадорот на Република Македонија, Н.Е. Абдулкадар Мемеди, со највисоки државни почести, ја предводеше групата од 22 Амбасадори, кои учествуваа на аудиенција кај Кралот на Саудиска Арабија, Неговото Величество Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, при предавање на акредитивните писма, на 16.04.2017., во Палатата Кралскиот Диван –во главниот град Ријад.

На 11. април. 2017., во претседателската палата во Валета, Малта, Амбасадорот на Република Македонија, Оливер  Шамбевски, ги предаде акредитивните писма на Претседателката на Малта, Marie-Louise Coleiro Preca.

Во рамките на спроведувањето на мерките за градење доверба, на 10 април 2017. година, во Солун, се одржаа политички консултации меѓу Република Македонија и Грција.

Консултациите ги водеа Државниот секретар во МНР на Република Македонија, г-ѓа Елена Кузмановска и Политичкиот директор во МНР на Република Грција, Амбасадорот Петрос Мавридис.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до неговиот Египетски колега, Самех Шукри, по повод нападите врз црквите, во градовите Танта и во Александрија во Египет.

 

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика и Институтот за меѓународни односи “Istituto Affari Internazionali” (IAI) од Италијанската Република. Од македонска страна, Меморандумот го потпиша директорот на ИГИНП при МНР на РМ, амбасадорот Абдулкадар Мемеди, додека од италијанска страна, директорот на ИАИ, амбасадорот Фердинандо Нели Ферочи.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија го осудува актот на тероризам во Стокхолм, при кој во трагичен напад, невини шведски граѓани ги загубија своите животи. 

 

Работна посета на ЗПВРМ и МНР Никола Попоски на Стразбур

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Стразбур учествуваше на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-Европска Унија.

По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан на разговор Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија.

Конзуларни услуги