Македонија во светот

Aмбасадорот на Република Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ одржа предавање на тема „Macedonia in the spotlight of Southeast Europe-the Present and Future" по повод 26 годишнината од Business Intelligence Society (BIS). На настанот присуствуваа околу 80 членови од BIS, главно претставници на бизнис заедницата во Јапонија. Покрај амбасадорот Цветковиќ, на настанот се обратија и поранешниот амбасадор на Јапонија во Обединетите нации Макото Танигучи и поранешниот амбасадор на Јапонија во Швајцарија Мицухеи Мурата.

japonija predavanje1

АмбасадоротЦветковиќ во предавањето се осврна на длабоката историја на Македонија, важните моменти од билатералните односи меѓу двете земји, туристичките потенцијали, но акцентот беше поставен врз економските политики на Владата на Република Македонија и поволностите што земјава ги нуди за странските инвеститори, имајќи предвид дека најголем број од присутните беа претставници на бизнис секторот во Јапонија.

Амбасадорот Цветковиќ детално информираше за стратешката локација на Македонија, склучените договори за слободна трговија со голем број земји, поволностите за странските инвеститори во трговско-индустриските развојни зони (ТИРЗ), даночните поволности и сл. Воедно, истакна дека спроведените реформи и поволната бизнис клима за странски инвеститори придонесоа земјава да биде позиционирана на високото 10-то место во светски рамки и 5-то место во Европа според извешајот Doing Business од Светска банка. Упати покана до присутните да ја посетат Македонија во перидот што следи, со цел директно да се запознаат со можностите за инвестирање во земјата, како и да се уверат во природните убавини. 

Конзуларни услуги