Македонија во светот

На 12 јануари по повод девет годишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ, во Кампот Бутмир-Сараево беше одадена почит за загинатите.

saraevo1

По тој повод на спомен обележјето, војниците на ЕУФОР со почесен строј оддадоа почит пред споменикот на македонските војници и беа запалени 11 свеќи кои ги симболизираат изгубените животи.

saraevo2

Венци со свежо цвеќе положија вршителот на работите на Амбасадата на Република Македонија во Босна и Херцеговина, Александар Крстевски, началникот на штабот на ЕУФОР Бригадниот Генерал Алберт Шафар, Мајор на Армијата на Република Македонија, Ѓорѓи Цикарски, командантот на НАТО Штабот во БиХ Бригадниот Генерал Жизел Вилц и претставници од Здружението на Македонците во Сараево.

Конзуларни услуги