Македонија во светот

По повод 1 декември - Денот на Првиот Претседател на Казакстан и Светскиот ден во борба против сидата, Амбасадата на Република Македонија во Астана во соработка со КАЗГУУ Универзитетот, Управата за поддршка на дипломатскиот кор и Центарот за трансфузиологија организираше крводарителска акција.

1

Акцијата се одржа на 28 ноември 2016 година, на иницијатива на македонската амбасада. Настанот се организира втора година и се предвидува традиционално продолжи да се организира и во следните години.

На оваа акција крв даруваа амбасадорот Псалтиров, други амбасадори и претставници од дипломатскиот кор, професори и студенти од КАЗГУУ Универзитетот.

Конзуларни услуги