Македонија во светот

Амбасадата на Република Македонија во Сараево учествуваше на 10-от јубилеен дипломатски хуманитарен базар организиран од здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во салата „Мирза Делибашиќ“ во спортскиот комплекс „Скендерија“ на 3 декември 2016 година.

 

saraevo1

Република Македонија и оваа година се претстави со своето традиционално македонско тавче гравче и своите препознатливи производи - вино, кашкавал, ајвар, чаеви, кондиторски производи, детска козметика, за кои постоеше огромен интерес и успешно се продаваа уште од самиот почеток на настанот. На настанот беа претставени производи од македонските компании „Алкалоид“, „Тиквеш“, „Стоби“, „Бовин“,„Езимит“, „Визба Валандово“, „Сковин“„Випро“, „Дием-ГП“, , Mama’s ајвар, „Здравје Радово“, „Витаминка Прилеп“ и „Макпрогрес Виница“.

saraevo2

Македонскиот штанд беше посетен од страна на голем број посетители и претставници на меѓународната заедница во Сараево, а според проценките на организаторите настанот го посетија околу 20.000 посетители. Со учеството на настанот Амбасадата имаше прилика да ги презентира и промовира македонските производи, а воедно собраните средства од продажбата да бидат донирани во хуманитарни цели за деца со посебни потреби и слични категории на лица.

 

Конзуларни услуги