Мајка Тереза
 

BLESSED MOTHER TERESA-ANGEL OF HOPE

 

Pope John Paul II

“Let us not forget the great example left by Mother Teresa, and let us not commemorate it in words alone! Let us always have the courage to give priority to the human person."

По седумнаесет години нејзиното упокојување, и денес, силно одsвонуваат зборовите на Блажената Мајка Тереза, најсилно во Република Македонија и Скопје, нејзиниот роден град, како и во Индија и Калкута местото на остварувањето на нејзиниот повик. Мајка Тереза-Гонѓа Агнес Бојаџиу, родена во 1910 во Скопје во домот на Никола и Драна Бојаџиу, крстена во католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“, на 12 годишна возраст во манастирот Летница го добива првиот повик да му служи на Бога. На 18 годишна возраст, во 1928, таа го напушта Скопје и се приклучува на редот на Сестрите од Лорето-Институт на Блажената Богородица во Даблин. По неколку години посветеност, со декрет на Папата Пиј XII добива дозвола од Ватикан да формира нов ред на „Сестрите на љубовта “, мисија со вечен завет да им помага на најсиромашните од сиромашните по улиците на Калкута. Таа беше зрак светлина, универзален симбол на хуманоста, пожртвуваноста и на добрината. Ситна подгрбавена жена со џиновско срце, наведната над најсиромашните, болните и отфрлените, стана икона на милосрдието, уникатно сведоштво за бескрајната пожрвтвуност кон другиот човек, постојано укажувајќи на возвишената смисла на животот. Мајка Тереза низ нејзиниот овоземен живот ја одразуваше судбината на човештвото, покажувајќи ја тагата како демаскирана радост, а преку тоа, и патот како да се стаса до спокој со себе и со светот. За неа животот беше најубавиот божји дар, а радоста молитва моќ, љубов, а Господ ги сака оние што даруват со радост. Зборувајќи за „Сестрите на љубовта“, таа велеше дека нивната мисија е мала капка во големиот океан на беда и страдање, но дека без таа капка, човековите страдања и беда би биле уште поголеми. По доделувањето на Нобеловата награда за мир во 1979, таа ќе забележи дека конечно светот свати дека делата на љубов имаат голем придонес во сочувувањето на мирот.

Gonxha Bojaxhiu, walking along the pathways of her youth, during her last visit in Skopje, Macedonia, in 1986, said „When things are hardest for me, when I am with sick people, with children, old persons, when I help them, my Lord Jesus Christ protects me, gives me strength and carries me back to my youth in Skopje, beside the river Vardar, and then I find the spiritual strength to save people“ ……

Почина во Калкута во 1997, на 87 годишна возраст, но нејзиниот дух останува со нас, крепејќи ги граѓаните на оваа света земја. Нејзиното име засекогаш останува во Македонската историја, а вратите на нејзиниот дом во Скопје, остануваат широко отворени за сите хумани луѓе, за сите ониешто го сакаат Бога, миротворци, добри луѓе. туристи и гости во нејзиниот роден град, од целиот свет. Најужасната сиромаштија е осаменоста и чувстото на отфреност. Човекот не е гладен за корка леб, туку е гладен за љубов и внимание, велеше Блажената Мајка Тереза, и постојано не потсетуваше.

„Yesterday is gone, Tomorrow has not come, we have only Today. Let us begin. Like Jesus we belong to the world living not for ourselves but for others. The joy of Lord is our strength“.

 

http://www.memorialhouseofmotherteresa.org/mk

Конзуларни услуги