Известувања

Дијаспора

Во врска со Јавниот повик за поднесување на апликации за за стажирање во државните институции на Република Македонија, а со цел излегување во пресрет на барањата на граѓаните, организациите и културните асоцијации на Македонците во соседните држави на Република Македонија и во земјите со значителна концентрација на македонска дијаспора, информираме дека рокот за поднесување на истите се продолжува и истиот е постојано отворен за аплицирање.

Напомнуваме дека апликациите потребно е да се  достават до Министерството за надворешни работи - Сектор за следење на националните приоритети преку амбасадите и конзулатите на Република Македонија во странство или директно преку електронската пошта на адресата dijaspora@mfa.gov.mk .

Апликацијата е потребно да ги содржи следните документи:

- потврда за статусот студент во завршна година на студирање (додипломски или последипломски студии) од високо образовната институција на која што кандидатите студираат;

- кратка биографија (CV);

- мотивационо писмо; и

- потврда за македонско потекло на кандидатот.

Конзуларни услуги