Известувања

Дијаспора

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на Македонското национално малцинство (МНМ) во Југоисточна Европа и дијаспората од Република Македонија, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од интерес на двете, гореспоменати категории.

Притоа потенцираме дека утврдениот рок за аплицирање трае до 20 март 2017 година, и воедно предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат.  Истите се доставуваат до Министерството за надворешни работи – Сектор за следење на националните приоритети, и тоа преку амбасадите и конзулатите на Република Македонија во странство и/или скенирани и потпишани преку електронска пошта на следната адреса:

dijaspora@mfa.gov.mk

Ве информираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерство за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства, наменети за потребите на Македонското национално малцинство (МНМ) и македонската дијаспора од страна на Министерот за надворешни работи ќе биде формирана специјална Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проекти. Истата ќе изготви решение за распределба на проектните средства. При одлуката за избор на проекти и начин на финансирање, споменатата Комисија ќе се води од Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората. Напомнување дека, најголемо внимание ќе биде обрнато на пријави за проекти кои се однесуваат на:

  • Постоењето на пишани и електронски медиуми на македонски јазик за потребите на македонските заедници во односните земји;
  • промоција на македонскиот јазик, традиција и култура;
  • отворање на културни катчиња. 

Конечниот избор за одобрени и поддржани проекти ќе биде објавен од страна на надлежното ДКП како и од страна на Министерството за надворешни работи.

Подносителите на предлог – проектите за кои што нема да бидат одобрени проектни средства од страна на Комисијата, имаат право да поднесат приговор до Министерството за надворешни работи во рок од 8 дена од официјалното известување за истото од страна на надлежното ДКП или директно од страна на МНР.

Форматот на проектната пријава, како и Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората се поставени и можат да се преземат овде:

Проектна Пријава 

Приоритети на Министерството за надворешни работи во однос на  финансирање  на проектите на МНМ и дијаспората

Конзуларни услуги